НАСЛОВНАСАЕМИ

Франкфурт 2019: Land Rover со долго очекуваниот Defender

Поминаа три и пол години откако Land Rover го прекина производството на Defender по 68 години континуирано производство, но сега и off-road иконата прави кам-бек за да им парира на конкурентите

Веќе неколку години бевме сведоци на кампањата на Land Rover со која го најавуваше овој модел. Се започна во 2011 година со концептот DC100, па слободно ќе кажеме дека на Land Rover му требаше долго време да го создаде овој автомобил. Ова време беше потребно за да се подготви модел кој ќе биде препознатлив насекаде во светот, но исто така и автомобил кој ќе користи за противпожарни служби, единици за спасување, брза помош …

2020-land-rover-defender

Land Rover Defender на пазарот ќе биде понуден во неколку верзии, но две ќе бидат основни. Првата со ознака 90 ќе биде класичниот изглед со три врати со должина од 4,5 метри, додека оној поголемиот со пет врати ќе ја носи ознаката 110 и ќе има должина од 4,7 метри. Покрај овие верзии, на штандот се појавија и неколку модификации, меѓу кои и верзијата за Црвениот крст со која се прославува 65 годишната соработка.

2020-land-rover-defender

Следната генерација на иконскиот Британски теренец претставува значително подобрување од неговиот претходник во однос на технологијата бидејќи со него ги има сите новитети на ова поле. Во презентацијата ги истакнаа нискиот кров и силните хоризонтални линии кои зрачат со самоувереност и сила. Исто така го потенцираа и практичниот ентериер со ергономија која е на завидно ниво, а тука е и традиционалното резервно тркало на задната врата.

2020-land-rover-defender

Погонот на Defender ќе се потпира на веќе докажаните мотори на компанијата, а ќе има и plug-in верзија. Автомобилот при самиот старт ќе биде понуден со три бензински и три дизел агрегати. Овие варијанти ќе ги имаат ознаките P300, P400, P400e plug-in hybrid, D200, D240 и D300.

Кога станува збор за опремата таа ќе има пет нивоа, односно Standard, S, SE, HSE и X trim. За почеток во британија Defender ќе стартува со цена од 35.000 фунти за ознаката 90 и 45.000 фунти за – 110.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Back to top button
Close