fbpx

Франкфурт 2019: Opel со поголема ефикасност кај своите модели

Втора година по ред стариот германски бренд оствари рекордни финансиски резултати - во првата половина од годината растот на профитот достигна скоро 40%

Раст на компанијата втемелен на ефикасност. На Саемот за автомобили во Франкфурт, марката претставува пет светски премиери. Кај Astra имаме нова линија на мотори и менувачи, каде за прв пат се применува посебно ладење на главата и блокот, а самиот модел е носител на рекорд во својата класа во однос на аеродинамичката ефикасност – коефициентот на отпор е 0.255.

Марката на оваа европска изложба силно зачекурува во електрификацијата на своите модели. Новата Corsa е поставена на комплетно нова платформа. Моторите имаат подобрено ниво на штетни гасови – бензинските мотори се во опсег од 93-96 грама на километар, додека дизел моторите достигаат 85 грама.

Новиот автомобил ја продолжува традицијата што започна со првата Corsa во 1982 година – електрификација на моделот, употреба на напредни технологии, како и максимално искористување на просторот. Во портфолиото на Corsa е и комплетно електричната верзија. Ова секако го привлече вниманието на сите медиуми присутни на саемот. Но, пократ електричната сериска верзија, на штандот може да се види и Opel e-Rally верзијата. Со ова Opel станува првиот производител во светот што нуди целосно електричен автомобил за авто спортовите.

Електрификацијата ги опфати и кросовите и комбињата на брендот, при што најимпресивен впечаток е хибридниот Grandland X кои генерира одлични 300 КС. Електрични верзии има и од Combo и Zafira, кои се најавени за сериско производство за следните две години.

Покрај се, Opel реши и да се пофали дека електричната енергија не е нова за марката, па на посетителите ќе им ја презентираат целосно електрична верзија на нивниот спортски автомобил 1971 GT – модел со кој инженерите рушеа рекорди во време кога батериите беа достапни за светилки и транзистори.

Opel

 

Поврзани вести

Back to top button