fbpx

Франкфурт 2019: Porsche блесна со Taycan

Покрај презентацијата која ја имаше за медиуми, денес Porsche и официјално го промовираше пред светот првиот досега цело-електричен модел Taycan, за кој легендарната компанија истакна дека означува почеток на нова ера за компанијата

Електричниот погонски систем Taycan Turbo S доаѓа со 761 коњски сили, додека Taycan Turbo има 680 коњски сили. Првиот од автомобилите е во можност да понуди забрзување од 0 до 100 км на час за 2,8 секунди, додека на вториот се потребни 3,2 секунди. Исто така, постојат разлики во автономијата на двете верзии – во првата е 412 километри, а во втората е 450 километри. И кај двете изведби, погонот е на четири тркала, а максималната брзина е 260 km/h.

Иако очекувавме да го видиме Taycan Cross Turismo на штандот во Франкфурт, од Porsche не не угостија со тоа. Оваа верзија останува тајна на компанијата до следната година.

Бидејќи кај електричните возила најважно од сè е да имаат што помал отпор на воздух компанијата за прв пат има употребено странични отвори за воздух. Тие се имплементирани веднаш под предниот светлосен склоп, со кој се креира странична воздушна завеса која го заобиколува делот кај тркалата и не ја нарушува аеродинамиката. Директно над него како „хајлајт“ на предниот дел се 4-те LED точки кои заедно Taycan Turbo S, 2019, Porsche AGсо matrix светлата формираат една целина која делува како да лебди. Страничната силуета на Taycan е карактеристична по рамната „Flyline“ линија во која се вградени рачките на вратите кои автоматски се извлекуваат кога треба да се отворат. Изгледот на задниот дел кулминира со континуираната светлосна линија во стаклен дизајн со испишано име на компанијата над која е поставен Porsche Active Aerodynamics (PAA) во вид на спојлер кој работи во 3 фази.

Дека при конструирањето на Taycan се мислело на сè ни покажува и неговата напредна технологија. Тој е првиот автомобил во светот кој што поседува систем од 800 волти, кој му овозможува да ги наполни батериите за само 5 минути со енергија доволна за 100 километри возење. Taycan може да се приклучи на систем од максимални 270 kW (моментално максимална моќ на полначи во светот е 150 kW) преку кој батериите ги полни до 80% за неверојатни 22 минути.
Опремата на Taycan ги вклучува сите високо-технолошки системи за удобност и безбедност, кои се моментално достапни на Porsche. Тоа се Porsche 4D Control Chassis Adaptive Automatic Real Suspension, три режими на управување, Normal, Sport и Sport Plus, а идните сопственици ќе можат да се потпрат на два големи делови за багаж – под предниот капак со капацитет од 81 литар и во задниот дел со корисен волумен од 366 литри.

Поврзани вести

Back to top button