fbpx

Фудбалерите на Реал Мадрид добија нови автомобили Audi

Откако постигнаа висока победа во Лигата на шампионите против Апоел, ѕвездите на кралскиот клуб добија и сосема нови автомобили од долгогодишниот спонзор Audi

Оваа недела за играчите на Реал Мадрид се покажа доста добра. Откако постигнаа висока победа во Лигата на шампионите против Апоел, ѕвездите на кралскиот клуб добија и сосема нови автомобили од долгогодишниот спонзор Audi.

1 | Реал Мадрид
2 | Реал Мадрид
3 | Реал Мадрид
4 | Реал Мадрид
5 | Реал Мадрид
6 | Реал Мадрид
7 | 
8 | 
9 | 

    Како што е познато, германската марка го поддржува официјално Реал Мадрид од 2003 година наваму, а играчите на клубот добиваат нови автомобили секоја година во ова време. Дури 14 од сегашните фудбалери на клубот се одлучија за нов службен автомобил да го користат моделот Audi Q7, неколку од нив ќе се возат во специјалните E-Tron верзии или SQ7 модификации. Ѕвездата Кристијано Ронално доби RS7, додека тренерот Зинедин Зидан избра спортски караван RS6. Само еден фудбалер се осврна на суперколата R8.

    Поврзани вести

    Back to top button