fbpx

FV Frangivento Sorpasso е најновиот суперавтомобил од Италија

Малку познатата компанија за италијански автомобили под името FV Frangivento го претстави својот нов суперавтомобил кој е наречен Sorpasso

Компанијата FV Frangivento го претстави најновиот суперавтомобил кој пристигнува од Италија и се нарекува Sorpasso. Автомобилот ќе се продава во Stradale и GTXX верзии. Stradale верзијата пристигнува со природно аспириран V10 мотор со 610 КС, додека GTXX се одликува со суперполнач кој ја зголемува моќноста на 850 КС. Ова е доволно за автомобилот од нула до „стотка“ да стигне за само 2,9 секунди, а максималната брзина изнесува 345 километри на час. Двете верзии на возилото пристигнуваат со погон на сите четири тркала.

Дизајнот на екстериерот на FV Frangivento Sorpasso веднаш паѓа во очи благодарение на агресивните агли и острите површини. Предниот дел е особено интересен и вклучува аголни фарови со LED дневни светла, голема решетка и големи отвори за воздух. Подеднакво интригантен како предниот се и страничните делови каде италијанската компанија постави големи сјајно црни тркала и врати во кои се инкорпорирани воздушни отвори.

FV Frangivento Sorpasso

Карактеристичен изглед

На задниот дел Sorpasso се одликува со карактеристична задница која се протега од покривот и поседува LED светлечка лента. Поставеноста на издувниот систем исто така е особено интересна, како и големиот дифузер. Sorpasso Stradale се разликува од другиот модел поради почистиот и поелегантен изглед и пристигнува во Hermes Gray боја, додека Sorpasso GTXX се одликува со двобојна каросерија и поагресивен изглед.

FV Frangivento Sorpasso

Фотографии од ентериерот не се објавени, но производителот вели дека може да се добие со мешавина на кожа и Алкантара. Sorpasso наводно ќе добие и Avatar Driving Assistant кој користи технологија на вештачка интелигенција.

Купувачите на Sorpasso Stradale и GTXX моделите исто така можат да бидат вклучени и во Programma Sviluppo и Programma Ego на 30 дена каде што ќе можат да го модифицираат автомобилот по свој вкус. Она што е интересно, FV Frangivento им овозможува на купувачите својот Sorpasso GTXX да го преименуваат како што сакаат, односно на GTXX суфиксот наместо буквите Х да си додадат број по свој избор.

Поврзани вести

Back to top button