fbpx

GAC Mitsubishi Motors започна со производство на сосема нов EV автомобил во Кина

GAC Mitsubishi Motors (GMMC) е друштво основано од Mitsubishi Motors Corporation, Guangzhou Automobile Group (GAC) и Mitsubishi Corporation

Eupheme EV е дизајниран од GAC и ќе биде произведен од GMMC во Чангша, Хунан. Новиот модел доаѓа во поддршка на бизнис цели за развој како на Mitsubishi Motors, така и на GAC, како суштински дел од развојот на автомобилската индустрија и помошен елемент за брзото навлегување на технологијата „new energy vehicle“ (NEV) на најголемиот автомобилски пазарот во светот.

Eupheme EV достигнува километража од 410 километри и ги комбинира во себе вртежниот момент на електричен автомобил со удобноста и широкиот ентериер на SUV. На претставувањето главниот извршен директор на Mitsubishi Motors, Осаму Масуко вели:

„Презентацијата на Eupheme EV следува по воведувањето на Eupheme Plug-in хибридот на пазарот и е исклучително важен чекор за GMMC. Тој покажува суштинска улога која EV технологијата ја има при задоволување на потребите на корисниците во Кина, како и придонесот кон автомобилската индустрија во земјата. Кинескиот пазар е еден од најважните во нашиот бизнис и ние напорно работиме во насока на зацврстување на нивните сегашни позиции и создавање на нови“.

Како стратешки партнер, GMMC игра клучна улога во спроведувањето на тригодишниот бизнис план на Mitsubishi Motors во Кина – DRIVE FOR GROWTH. До 2019 година, Mitsubishi Motors има за цел да ја удвои својата продажна и дилерска мрежа во земјата. Компанијата исто така се фокусира на проширување на моделот и во сегментот со погон на сите тркала.

Поврзани вести

Back to top button