fbpx

Gazelle Next, широк спектар на модификации по мерка на клиентот

Next серијата на комерцијални возила на Gazelle нудат голема доверливост и сигурност, со високо ниво на квалитет, но и опции по вкусот на клиентите

Современите технички решенија, компонентите од водечките светски производители, посебното внимание кое се обрнува на секој детал, со строгата контрола на квалитетот, како и примената на технички современите решенија и развојот на возилата во современиот инженерски центар се едни од главните карактеристики на Gazelle Next возилата, благодарение на кои се истакнуваат со својата сигурност, а возилата работат беспрекорно. Но, тоа не е се што го нудат овие комерцијални возила.

Иако патот до успехот и просперитетот на клиентите станува пократок, Next линијата ќе им овозможи на сопствениците да дојдат до целта во најкус можен рок. Секако, конкурентната цена на возилото, ниските трошоци за одржување и преостанатата вредност не се единствените предности на Gazelle Next.

Next

Високо ниво на безбедност и сигурен избор

Имено, не смее да се занемари фактот дека Gazelle Next возилата нудат и широк спектар на модификации, благодарение на кои можете да го прилагодите вашето возило за било кој вид на деловна активност. Секоја од модификациите може да биде опремена со две опции за кабините, а тоа значи избор за 3 или 7 седишта, а тука се и двата вида на платформи. Универзалната шасија на Next овозможува и 100 различни сопствени опции за каросеријата, за секакви можности. Со ова, Gazelle Next возилата и нивните достапност е практично неограничена. Функционалноста на Next, во комбинација со високите ресурси, им овозможува на професионалците воопшто да не го доведат во дилема својот избор за комерцијален транспорт.

Next

Кога станува збор за комерцијалните возила, треба да се земе предвид дека тие не се само превозно средство, туку и работно место. Рускиот производител GAZ го зема сето ова во предвид и Gazelle Next линијата е направена во согласност со сето ова, пред се кога станува збор за големината на кабината, каде возачите уживаат во максималната пространост. Исто така, овие комерцијални возила се подготвени за сериозните предизвици кои ги носат патиштата, а Next е подготвен за сите изненадувања. Современите безбедносни системи овозможуваат Gazelle Neхt возилата да бидат сигурно средство за превоз, нудејќи врвна заштита за возачот и патниците, а доказ за тоа е и фактот што активната безбедност е подобрена од 8 до 10 проценти во однос на европската конкуренција.

Next

Поврзани вести

Back to top button