ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Geely купи 8,2% од AB Volvo

Автомобилскиот гигант Zhejiang Geely Holding Group (Geely Holding) објави дека компанијата купила 8,2% од акциите на шведскиот производител на камиони, профилирана тешка и градежна опрема, дизел мотори и други машини од AB Volvo

AB VolvoАкциите се преземени од инвестицискиот фонд Cevian Capital за околу 3,3 милијарди американски долари и на тој начин Geely Holding ќе стане најголемиот акционер во AB Volvo. Аналитичарите велат дека оваа инвестицијата во AB Volvo од страна на Geely Holding, е сосема очекувана, откако во последните неколку години гигантот го презеде Volvo Cars.

Geely Holding навистина се шири, годинава стана главен стратешки инвеститор во PROTON, Lotus, London Electric Vehicle Company (LEVC), Terrafugia Inc., а неодамна купи и пакет акции во Daimler.

AB Volvo
– За нас е огромно задоволство што постигнавме договор со Cevian за преземање на нивните акции во AB Volvo, со што станавме најголем инвеститор во компанија која е лидер во областа на развој на комерцијални стопански возила, производство и продажба , коменитра Ли Шифу, претседател на Geely Holding.

– Врз основа на нашето искуство со Volvo Car Group, ние оддаваме признание и ги цениме скандинавските историја и култира, водечките позиции на пазарот, револуционерните технологии и можностите за заштита на животната средина.

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close