Lotus повторно директен конкурент на Ferrari и Porsche?!
Со нови кинески инвестиции од својот нов сопственик Geely, Lotus планира многу за својата иднина, да стане еден од најмоќните егзотични брендови на планетава
![Lotus](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2017/12/Lotus-1600-3-780x405.jpg)
Претседателот на новата фирма, Ана Конг, истакна за Autocar дека во минатото Британците биле на рамниште со брендови како Ferrari и Porsche. Новата мисија ќе биде усогласена со познатите производители од Италија и Германија и ќе се вратат убавите времиња.
Важен дел од реструктуирањето на брендот ќе одигра идниот нов SUV модел, кој сé уште не е потврден за сериско производство. Во моментов се проценуваат различни идеи, а не е исклучена можноста тој да се базира на платформата на Volvo XC40, бидејки Швеѓаните се исто така дел од групата на Geely.
Договорот помеѓу Geely и Lotus беше финализиран во септември оваа година. Повеќето експерти предвидуваат дека Британците ќе продолжат сами да ги донесуваат идните одлуки, но ќе добијат финансиска и технолошка поддршка од нивниот нов кинески сопственик.