fbpx

Geely го надмудри вирусот, врши бесконтактна достава со дронови!

Кинеската компанија Geely смисли иновативен начин за достава на новите автомобили до своите купувачи инспириран од пандемијата на коронавирусот

Пандемијата тешко погоди голем број стопански гранки, вклучително и автомобилската индустрија. Освен производството, ваквата ситуација се одрази и врз продажбата на новите, веќе направени возила. Со оглед на тоа дека коронавирусот најпрво ја погоди Кина, тамошните автомобилски компании уште во февруари се обидоа да најдат начин да допрат до потенцијалните купувачи.

Така, Geely Auto, откако продажните салони останаа без посетители, покрена сопствена онлајн продажна услуга, која овозможува не само купувачот да го избере своето возило, туку и тоа да му биде испорачано на домашан адреса, најпрво за тест возење, а подоцна и перманентно, доколку се одлучи да го купи. Според Geely, тие на овој начин досега успеале да продадат преку 10.000 возила, додека уште 110.000 потенцијални купувачи се регистрирале за оваа услуга и изразиле желба на вкаов начин да дојдат до нов автомобил.

Geely сними видео во кое е прикажан целиот концепт на овој иновативен начин на испорака на новиот автомобил купен преку нивниот онлајн сервис. Според информациите, во согласност со актуелната ситуација, примопредавањето е практично бесконтактно, со што се избегнуваат било какви начини за пренесување на коронавирусот.

Geely силно се бори против коронавирусот

Најпрво, сите потврдени нарачки се проследуваат кон изложбено-продажните салони кои географски се најблиску до купувачите. Потоа, новиот автомобил, кој претходно е темелно дезинфициран, се довезува на домашната адреса на купувачот, а особено е интересен начинот на кој се испорачуваат клучевите од возилото. Geely смисли иновативна постапка која вклучува и беспилотни летала, односно дронови. Клучевите најпрво се пакуваат во пластична кеса, која се закачува на дронот, за операторот со далечински управувач да го наведе дронот до влезната врата или терасата на купувачот.

Доколку станува збор за тест возење, тогаш се повторува постапката со дронот и доставувањето на клучевите, по што заинтересираниот клиент заминува на паркингот кој му припаѓа на продавачот и практично го презема возилото, со што во ниту еден момент заинтересираното лице не е во контакт со лицата задолжени за продажба, со што ризикот за ширење на вирусот е практично непостоечки.

Инаку, Geely претходно го претстсави и новиот SUV модел наречен Icon кој поседува фабричка заштита од коронавирусот. Кросоверот е опремен со интелигентен систем за пречистување на воздухот за кој производителот тврди дека штити од сите познати вируси и бактерии.

Поврзани вести

Back to top button