fbpx

Geely со конкурент на Tesla Model 3

Geely подготвува сериозна конкуренција на популарниот Tesla Model 3

Конкурентот изгледа прилично сериозно и кинескиот гигант не ги крие амбициите да украде голем дел од колачот на Tesla. Во моментов Model 3 само се склопува во Кина, но се бараат патишта за локалозирање на производството. Цената во моментов е над 74.000 долари, што е доста поскапа од онаа во Америка, па тоа му дава повод на Geely да се спротивстави на локалниот пазар навистина достојно со далеку попрофитабилен предлог.

Станува збор за моделот Geely GE11 кој изгледа футуристички, но сепак дизајнот му е елегантен и избалансиран. Тоа се гледа од неодамна презентираните слики од производителот. Во некои делови од автомобилот се чувства и помошта на луѓето од дизајнерскиот центар на Volvo на кинеската компанија.

Интересни на него се рачките на вратите кои се вовлекуваат, а и тоа што недостасуваат непотребните лажни маски.

Geely

Димензиите на автомобилот се компактни, односно долг е 4736 mm, широк 1804 mm и висок 1503 mm, меѓуоскиното растојание е 2700 mm. Внатрешноста е исто така со футуристички дизајн и го привлекува вниманието со светлиот тапацир, воланот, а тука е и веќе стандардниот за слични електрични модели огромниот монитор на мултимедијалниот систем.

Geely

Кинескиот „народен“ електичен автомобил има мотор со моќност 177 КС, а максималната брзина му е ограничена на 150 km/h. Автомобилот е развиен врз нова платформа, специјално подготвенa да носи електромотр и батерии. Сериозна разлика прави и коефициентот на отпор кој е еднаков на 0,23 што е малку подобро достигнување од она на Tesla Model 3 – 0,24. Во сериско производство Geely GE11 влегува во крајот на првиот квартал на оваа година.

Поврзани вести

Back to top button