fbpx

General Motors ги „излажел“ Французите во договорот за Opel

Францускaта алијанса PSA ќе побара од General Motors назад околу 600-800 милиони евра од договорените вкупно 1,3 милијарди, кои беа платени за стекнување на компанијата Opel

Тоа го објави агенцијата Reuters, според чии информации Американците ги излажеле купувачите, убедувајќи ги дека автомобилите на Opel и Vauxhall ќе успеат да ги покријат новите европски барања за екологија во 2021 година. Како што е познато за 3 години во Европа задолжителните средни нивоа на јаглерод диоксид CO2, кој се одвојува од моторите, ќе треба да се намалат од сегашните 130 на 95 g / km.

General Motors

За секој вишок грам, на производителот ќе му се изрече глоба од 95 евра. Во текот на преговорите се сугерирало дека автомобилите од Opel не само што ќе ги задоволат новите норми, туку и ќе ги надминат во просек за 3,7 g / km.

General Motors

Во овој момент податоците говорат спротивно, загрижува фактот за драстично поголеми емисии на дизел изведбите и Opel Ampera, за речиси тројно повеќе од наведените бројки. Затоа, шефот на концернот PSA – Карлос Таварес, го става под прашање фактот колкави ќе бидат казните што ќе треба да ги плати самата компанијата, па најавува дека планот за развој на Opel ќе треба да се ревидира.

General Motors

Се очекува многу брзо дека француското обвинение за GM да биде и официјално поднесено. Ова ќе се покаже како сериозен проблем за GM, кој по договорот остана со огромни долгови за пензиско осигурување кон вработените во Европа.

Поврзани вести

Back to top button