General Motors и Honda започнуваат соработка

Кон почетокот на март кога автомобилските вљубеници со нетрпение ги исчекуваа премиерите на новитетите, General Motors ја претстави Ultium батеријата

Ultium батеријата претставува технологија која би можела да биде применета на различни типови автомобили. Оваа батерија е креирана со новата платформа за електрични автомобили која General Motors планира обилно да ја користи и да ја сподели со секој кој е расположен да плати, а првиот клиент веќе се појави.

Станува збор за јапонскиот производител Honda, за кого партнерството со General Motors не е никаква новина. Јапонската компанија ќе ги искористи предностите на Ultium батеријата, но и на новата архитектура и тоа за два нови модели на електрични автомобили кои планира да ги лансира во 2024 година. Со тоа, GM ќе ја обезбеди платформата и производствените погони, со што тандемот новитети ќе ги склопуваат Американците, додека Honda ќе се занимава со дизајнот на екстериерот и ентериерот.

General Motors

Дополнително, ќе се користат и OnStar безбедносните и сигурносни сервиси на General Motors, а многу веројатно и Super Cruise системот на возење без потреба да се држат рацете на управувачот. Но, треба да се напомене дека и GM ќе има бенефит од оваа соработка со Honda, бидејќи јапонската компанија сака да и помогне на американската во намерата значително да ја намали цената на батерискиот погон, исто како што Subaru и Toyota, односно Fiat и Mazda работеа на одредени модели на електрични возила.

Двете страни ќе имаат бенефит од соработката

„Оваа соработка ќе ги здружи силите на двете компании, додека комбинираниот обем и ефикасност на производството ќе испорачаат на крајот поголема вредност за нашите купувачи. Ова проширено партнерство ќе ја отклучи економијата на обемот со цел забрзување на остварувањето на нашите планови поврзани за електрификација и прогрес во индустриските водечки напори кон редукција на емисијата на гасови“, изјави Рик Шостек, извршниот потпретседател на American Honda Motor.

Ова е прва голема објава на General Motors поврзана со Ultium технологијата, способна за складирање меѓу 50 и 200 kWh електрична енергија во зависност од големината на батеријата. Проценетата автономија изнесува до 643 километри. Секако, и GM ќе ја искористи споменатата технологија за своите идни модели.

Веќе се потврдени новиот Chevrolet Bolt, Cruise Origin специјалното електрично возило, електричниот Hummer и два модели на Cadillac, Lyriq кој е SUV и Celestiq кој е лимузина.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close