ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

General Motors ги откачува електричните пикапи на Rivian

General Motors нема да купува удел во производителот на електрични пикапи Rivian, соопштија извори од двете компании кои преговараа за оваа инвестиција минатата недела

Се очекуваше дека General Motors ќе инвестира во Rivian за да добие пристап до платформата за електрични покапи на компанијата во која Amazon веќе инвестира 700 милиони долари. Се претпоставува дека, сепак, сега во GM ќе развиваат сопствена платформа за електрични пикапи и SUV модели.

Преговорите меѓу GM и Rivian се сметаа за ситуација во која ќе добијат сите – GM можеше да заштеди сериозно количество пари со пристапот до технологијата на Rivian, а новата компанијата можеше да искористи од производственото искуство на гигантот и да ја користи огромната мрежа на добавувачи и подизведувачи.

Причината за неуспехот на преговорите се уште не е јасна, но првите коментари од Rivian беа дека тоа нема да биде фатално, бидејќи новата компанија добива сериозно финансирање од приватни инвеститори, предводени од Amazon.

General Motors

Rivian планира да го лансира електричниот пикап R1T на крајот на следната година, а компанијата веќе потврди дека планира да ја продаде платформата и на други компании. Другата опција за пристап до развојот на Rivian ќе биде преку инвестиција во компанијата.

Главната предност на модуларната платформа на Rivian е можноста таа да се користи при различни големини на пикапи и SUV модели, вклучувајќи и најголемите возила за американскиот пазар, кои носат поголем профит на компаниите.

Rivian ја тестираше платформата со каросерија на Ford F-150, а тоа рашири гласини дека Ford може да се префрли во GM и да стане акционер во Rivian. Другите најсериозни инвеститори се Volkswagen и FCA, иако ниту една од трите компании досега не пројавила официјално интерес кон младата компанија и технологијата што ја користи.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close