fbpx

Genesis најавува нови модели

Веднаш штом ги освои клиентите и ја помина „светата тројка“ на пазарот во Америка, новоформираниот бренд Genesis планира да ја прошири продажбата и на други пазари

Веднаш штом ги освои клиентите и ја помина „светата тројка“ на пазарот во Америка, новоформираниот бренд Genesis планира да ја прошири продажбата и на други пазари. Со цел да успее во тоа, потребно е да ја прашири и понудата на модели, која во моментов се состои само од три преставници.

Корејската марка треба драстично да понуди повеќе модели, особено во SUV сегментот. Ова го потврди и првиот човек на брендот, Манфред Физгералд, кој за GoAuto истакна дека до 2021 година ќе претстават нови три модели. „Ние се наоѓаме на самиот почеток. До 2021 година планираме да претставиме нови три модели, а два од нив секако ќе бидат од SUV сегментот. Друга новост е секако дизајнот на моделите. Имаме возбудлив дијан и сега, но планот е да бидеме уште повеќе уникатни. Несакам да откривам повеќе информации, но бидете сигурни дека за краток период гамата ќе биде комплетна“.

Genesis

Потсетуваме дека концаптот GV80, уште во 2017 година го најави дизајнот на SUV моделот на марката. Кога се ќе се собере, Genesis ќе има три лимузини и два SUV модели. Тогаш што ќе биде последниот најавен модел? Се верува дека овој модел ќе биде електричен и ќе биде во изведба на спортско купе. Овој новитет ќе треба да се натпреварува со модели како AMG GT4Door и Porsche Taycan.

Поврзани вести

Back to top button