fbpx

Genesis го покажа GV70

Официјалната премиера на GV70 треба да се случи нешто подоцна оваа година, но Genesis го прикажа изгледот на екстериерот и ентериерот

Компанијата Genesis применува нешто поинаков стил на претставување на своите автомобили, нешто сосема спротивно од своите конкуренти. Токму затоа, во пресерет на официјалната премиера, премиум брендот прикажа фотографии од надворешноста и внатрешноста на својот адут GV70.

Genesis GV70

Јасно е видливо дека Genesis ја примени својата Athletic Elegance дизајнерска филозофија при креирањето на GV70. Како показател за тоа е препознатливата предна решетка на компанијата, а тука се и карактеристичните Quad светла кои се наоѓаат и кај другите модели на Genesis како G70, G80, G90 и GV80. Кога се гледа од страна, GV80 вклучува и „Parabolic Line“ која започнува на врвот на предните светла и продолжува по целата страна на SUV моделот. Линијата на покривот добива купе изглед што исто така привлекува внимание.

На задниот дел исто така се забележливи Quad задните светла кои се наоѓаат кај другите Genesis модели, како и G-Matrix шемата на браникот. Стандардните GV70 модели имаат уникатен вертикално оформен придушувач и дифузер во боја на каросерија, додека GV70 Sport моделот има уникатни 21-инчни тркала, специјален преден браник и кружни издувни цевки.

Кога станува збор за внатрешноста, стандардните GV70 модели вклучуваат двокрак управувач и го вклучува најновиот инфозабавен систем на компанијата. Минималистичкиот и стилски ентериер вклучува и втор екран за прикажување на поставките од клима-уредот. Под овој мал екран се наоѓаат копчиња за навигацискиот систем, радиото и останатите медиа функции. Ентериерот на GV70 Sport е претежно ист со таа разлика што тука се наоѓа трокрак управувач.

Спецификациите ќе бидат откриени на премиерата

Иако Genesis не откри никакви технички информации во оваа фаза, познато е дека GV70 е поставен на истата платформа како и G70, а со тоа како понуда ќе пристигне погон на предните тркала и на сите четири како опција и зависно од пазарот.

Базичниот модел ќе добие турбо четирицилиндричен мотор, се уште не е познато дали ќе биде препознатливиот 2,0-литарски мотор со 249 КС или поновиот 2,5-литарски со 300 КС. Sport верзијата се очекува да пристигне или со 3,3-литарскиот битурбо V6 мотор со околу 365 КС или нешто поголемиот 3,5-литарски битурбо V6 мотор кој испорачува околу 375 КС.

Поврзани вести

Back to top button