Женева 2019: Mercedes-Benz AMG GLE 53

Како дел од електрификацијата, германскиот производител на тековниот саем во Женева го претстави својот нов хибриден SUV од AMG гамата

Новиот Mercedes-AMG GLE 53 4Matic + претставува одлична кобинација на еден од најсовремените SUV на брендот и добро познатиот хибриден погон со 3.0 литарскиот шест-цилиндарски мотор , кои испорачуваат вкупна излезна моќност од 435 коњски сили. Додека стилот е навистина сличен на стандардниот GLE, дизајнерите му даваат на моделот нов изглед, кој се карактеризира со големата Panamericana предна решетка, која обезбедува спортски и агресивен изглед за новиот AMG.

Моторниот погон се состои од бензински турбо мотор со електричен полнач и интегриран стартен генератот. Тој е поврзан со девет-степен автоматски менувач и погон на сите четири тркала. Ова му овозможува на новиот SUV до 100 да забрзува за 5,3 секунди, а максималната брзина му е електронски ограничена на 250 километри на час.

AMG

Како дел од стандардниот пакет, GLE 53 е опремен со воздушна суспензија која вклучува активна стабилизација на наклонот при возење во свиоци. Со цел да го подесат системот кон своите преференции, возачите можат да одберат еден од седумте начини на амортизација, вклучувајќи Comfort, Sport, Sport +, Trail и Sand. Исто така, тука е и можноста да се промени возната висина до 55 милиметри.

Што се однесува до возачката кабина, новиот AMG GLE доаѓа во комбинација од црна кожа и црвен микрофибер. По долж на централната табла се протега голем екран, кој претставува двоен дисплеј со MBUX инфотеинмент систем и навистина придонесува кон раскошниот изглед на ентериерот. Алуминиумската рамка додава кон индустриската естетика, додека пак спортски седишта се со поголема потпора отколку кај стандардниот GLE.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close