НАСЛОВНАНОВИТЕТИСАЕМИ

Женева 2019: Eлектричен Seat el-Born

Seat ги објави првите слики и детали за целосно новиот концептуален развој el-Born, кој ќе биде претставен на салонот во Женева оваа недела

Овој модел ќе биде предводник на првата серија електрични автомобил на шпанската марка развиена на специјализираната платформа за електрични возила на VW група – MEB. Од Seat коментираат дека el-Born е опремен со високо-технолошки систем за автономно управување и поврзување, специјалната батерија може да биде наполнета до 80% за 47 минути, а автономијата е до 420 километри.

Сериската верзија на автомобилот е развиена во Барселона, а производството ќе и се врши во Германија од следната година, а шпанската марка ќе стане втора во портфолиото на VW Group, која ќе лансира на пазарот целосно електричен автомобил кој ја користи MEB платформата.

„El-Born е врвен одраз на емоционалниот дизајнерски јазик на Seat врз светот на електричните автомобили“, коментира Алехандро Месонеро-Романос, директор на единицата за дизајн на шпанската марка. „Нашиот дизајнерски тим пристапи исклучително сериозно кон предизвиците во тоа да се направи привлечен нашиот прв електричен автомобил. Верувам дека управувањето на електричните автомобили треба да биде возбудливо и треба да носи радост“.

Моќноста на електричниот погонски систем на Seat el-Born е 204 коњски сили, забрзувањето од 0 до 100 km/h може да биде спроведено за 7,5 секунди, а со помош на инсталација за брзо полнење (100 kW), батеријата може да биде наполнета од 0 до 80% за само 47 минути.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close