ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Над 150.000 Германци го искористиле бонусот на Volkswagen

Во последните шест месеци над 150.000 корисници на возила од Концернот Volkswagen во Германија ги замениле своите автомобили опремени со дизел мотори со нови

Ова е значително повеќе од очекуваниот резултат од страна на производителот при објавувањето на програмата, па затоа, Концертот ја продолжува бонусната програма. Инаку, самата кампања во која учествува и Audi, предвидува можност за враќање на стар дизел модел и неговата замена со нов.

Попустот за некои од автомобилите достигнува и до 10.000 евра, кој е на „товар на производителот“.

бонусната програма

– Не очекувавме толку многу луѓе во Германија да имаат корист од нашите бонуси и да преминат на автомобили со мотори кои ги исполнуваат Евро-6 стандардите, коментира шефот на одделот за продажба во Концернот, Фред Каплер.

Поради зголемениот интерес за кампањата, во Volkswagen одлучија да ја продолжат до 31 март 2018 година. Очекувањата се дотогаш барем уште 20.000 клиенти да имаат корист од понудените бонуси.

бонусната програма

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close