Германците не сакаат автомобили на гас

Ова го потврдува студија спроведена од страна на Федералната администрација за патишта, која тврди дека е веродостојна и за Европа

Во Германија станиците каде се точи гас (LPG или CNG) се двојно помалку од бензинските пумпи и ако некои од сопствениците на возила веќе одлучат да преминат на алтернативни горива, како што се наведува во студијата, тој чекор е поврзан со хибридна опција или на електрична енергија.

гасОд почетокот на годината, пазарот на нови автомобили, кога е во прашање пласманот на дизел изданија во Германија падна за 20%, но сепак дизел изведбите продолжуваат да бидат еден од најдобро продаваните. Дури 95% од новите автомобили што се продаваат во Германија од почетокот на годината се бензин или дизел.

Тоа е потврда дека Германците не се заинтересирани ниту за автомобилите на пропан-бутан, а пак да не фоворизираме за на метан. Конзервативните луѓе многу ретко ги претпочитаат електрифицираните возила и во повеќето случаи тие се одлучуваат за хибриден погон, вклучувајќи мотор со внатрешно согорување.

Сепак, тоа не случај за нашата земја, каде што автомобили кои користат погон на гас не се малку, а скоро секоја бензинска пумпа има пропан-бутан полнач.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close