fbpx

Германската влада ќе се бори против забраната за дизелите

Германија мора да стори сé што е во нејзина моќ за да избегне забрана за сообраќање на дизел автомобилите

Ова го изјави новиот министер за финансии на Германија, кој во исто време побара одделни градови и општини да инвестираат посериозно во станици за полнење за електрични возила. Олаф Шолц изрази убедување дека треба да се инвестира во нови дизел агрегати и технологии кои ќе придонесат за намалување на емисии на штетни гасови и со тоа ќе се намали загадувањето во градовите. Новиот министер дури апострофира до владата да предложи финансиски олеснувања за да се обезбеди промоцијата на почисти дизели и да се намалат штетните емисии во градовите со силно загаден воздух.

дизел-Задача на автомобилската индустрија е да развие автомобили кои одговараат на актуелните и идни барања за чистотата на воздухот, објасни Шолц.

– Треба сериозно да разговараме за тоа како можеме да обезбедиме што почисти, а секако и повеќе електрични возила на патот или како да го прошириме јавниот превоз.

Шолц, кој поседува дизел автомобил, призна дека ја дели загриженоста и на другите сопственици на такви автомобили, дека во иднина ќе им биде забранет пристапот до многу германски градови.

-Треба да се потрудиме за да не дојде до забрана на дизел возилата во градовите, објасни Шолц и додаде дека ако градовите и општините сакаат да го намалат штетните емисии, треба да инвестираат во електричен транспорт и инфраструктура.

Поврзани вести

Back to top button