Германските компании вршеле тестови и директно на луѓе?!
Неколку дни по скандалот со тестирање на мајмуни во САД, кои биле принудени да ги дишат согорени дизел-гасови откриен од The New York Times, сега приказната стана поморбидна, се потврди дека вакви испитувања се направени и директно врз луѓе
Volkswagen Group, Daimler и BMW учествувале во тестовите и според весникот Stuttgarter Zeitung, истражувачката група, спонзорирана од трите компании, го тестирала влијанието на издувните гасови врз луѓе во клиниката што ја користеле од Универзитетот во Ахен. Овие тестови се спроведени во 2007 година и во нив учествувале 25 лица. СЗО во 2012 година објави дека овие гасови предизвикуваат рак и респираторни заболувања.
Меѓу време е формирана и Европска група за испитување на околната и здравјето во транспортниот сектор (EUGT), со цел да ја побие одлуката на СЗО во 2012 година и беше затворена минатата година. Сепак, сè уште нема информации за тестовите во Ахен во 2007 година и кои се резултатите.