Германските компании наскоро пред Tesla

Tesla се уште е број еден на пазарот на електрични автомобили, но германските производители наскоро ќе го надминат пионерот во оваа сфера од Калифорнија

Ова го тврди студија од консултантска фирма PA Consulting Group, која истражуваше вкупно 13 компании, кои беа оценети врз основа на многу критериуми, вклучувајќи ги и општата електрична техника, технологијата на батерии, мрежата на снабдувачи и финансиските перформанси. Според резултатите, американскиот производител Tesla ќе продолжи да биде број еден и во 2019 година, по што следат Renault / Nissan / Mitsubishi, BWM и Hyundai / Kia .

Tesla

Daimler ќе ја заземе петтата позиција, VW седмата, а PSA(Opel) единаесетта. Сепак, според аналитичарите, ова рангирање ќе претрпи драматични промени во наредните години. Во 2021 година, Tesla ќе биде само седма.

Високите позиции ќе бидат зафатени речиси исклучиво од германските производители на автомобили, а само Renault / Nissan / Mitsubishi ќе можат да се натпреваруваат со нив. Daimler ќе биде во водство, BMW се очекува да биде втор и VW четврти. PSA ќе продолжи да го зазема единаесеттото место, а Ford ќе биде на дванаесеттото.

-Германските производители на автомобили ќе понудат „јасни стратегии и надградени портфолија”, вели Томас Гетел, од PA Consulting Group.- Лошата позиција на Тesla во блиска иднина е навестена од аналитичарите, поради проблеми во производството и финансиските тешкотии.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close