Ги менуваат улогите: Роси во Mercedes, Хамилтон на Yamaha

Италијанскиот мотоциклист ќе седне зад воланот на болдиот на Mercedes, додека Британецот ќе се проба на Yamaha

Валентино Роси и Луис Хамилтон ќе бидат протагонисти на „замената на векот“. Официјално е потврдено дека настанот ќе се одржи на 9. декември во Валенсија. Возачот на Yamaha, Роси веќе го испроба шампионскиот болид на Mercedes и се пофали со фотографија на социјалните мрежи.

„Мислам дека Луис Хамилтон и јас ќе се забавуваме наскоро“, порача Роси.

Ова не е првпат за италијанскиот мотоциклист да се најде во болидот на Formula 1, со оглед на тоа дека претходно ги тестираше возилата на Ferrari.

Хамилтон, кој сезонава ја освои шестата титула во Formula 1, веќе возеше мотоцикл на Yamaha во Superbike и дизајнираше модел на MV Agusta.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close