fbpx

GM и Honda најавија заедничка ЕВ платформа

Компаниите GM и Honda го прошируваат своето партнерство со најавата за нова ЕВ платформа на која ќе бидат базирани подостапни електрични возила

General Motors и Honda најавија дека нивната соработка во светот на технологијата за електрични возила ќе продолжи и ќе се прошири во иднина. Двата автомобилски производители ќе соработуваат заедно за развој на нова глобална архитектура за компактни кросовери користејќи ја Ultium батериската технологија на GM.

Двата производители велат дека работат заедно за да овозможат производство на милиони електрични автомобили почнувајќи од 2027, користејќи ја технологијата на двете компании, дизајнот и изворните стратегии. Тие исто така се заинтересирани за правење на висококвалитетни производи кои можат да бидат произведени во поголем размер за да бидат подостапни.

„GM и Honda ќе ја споделуваат нашата најдобра технологија, дизајн и производствени стратегии со цел да се испорачаат достапни и посакувани електрични автомобили на глобално ниво. Со заедничката работа, ќе им овозможиме на луѓето ширум светот побрзо да дојдат до електричен автомобил отколку што тоа би можеле да го направиме сами“, изјави Мери Бера, извршен директор на GM.

Двата производители исто така ќе продолжат да разговараат околу можноста за соработка во полето на батериската технологија со цел да се намалат нивните цени. Двете компании работат на цврсти батерии, кои се сметаат за следната еволуција во ЕВ технологијата и ќе овозможат огромни унапредувања во опсегот на движење, тежината и одржливоста.

Развој и на нови батерии

„Honda е посветена кон достигнување на нашата цел за карбон неутралност на глобално ниво до 2050, што бара од нас намалување на цената на електричните возила со цел да се направи сопственоста на ЕВ подостапно за поголем број клиенти. Honda и GM ќе ја надоградата успешната технолошка соработка со цел да помогнат да се достигне драматична експанзија во продажбата на електричните возила“, изјави Тошихиро Мибе, претседател и извршен директор на Honda.

GM и Honda работат заедно на електрични автомобили од 2018 година. Заедно, тие ја развиваат и технологијата за автономно возење, а Honda Prologue е базирана токму на технологијата на GM.

„Нашата соработка со Honda и континуираниот развој на Ultium се основата на овој проект, користејќи го нашето глобално ниво за да овозможиме пониска основа за оваа нова серија електрични возила за милиони клиенти“, рече Даг Паркс, извршен потпретседател на GM.

Поврзани вести

Back to top button