fbpx

GM со тизер најави електрична верзија на Chevrolet Camaro

General Motors подготвуваат повеќе нови електрични модели, а тизер видеото кое го објавија навестува дека еден од нив може да биде и електричен Chevrolet Camaro

Видеото прикажува силуети од различни возила над неодамна најавената BEV3 платформа за електрични возила, при што од General Motors најавуваат дека BEV3 ќе биде доволно флексибилна на неа да се направат повеќе различни модели. При презентацијата на GM на нивниот ден посветен на електричните автомобили им се „испушти“ момент во кој се најавува и Chevrolet Camaro во електрична варијанта.

Од General Motors најавија дека благодарение на новата платформа планираат да направат неколку нови електрични кросовери, вклучително и по два модели на Buick и Chevrolet. Од GM исто така ги дискутираа плановите за лансирање на голем број идни електрични возила, како што е и Hummer електричниот пикап, Hummer електричен SUV, нов Chevrolet Bolt кросовер, неколку Cadillac модели како и голем електричен SUV автомобил. Во GM беа прилично зафатени со вестите за нови EV автомобили, но тука се уште има за што да се зборува.

Пример за тоа е електричното Camaro. Од она што беше објавено во видеото, јасно се забележува дека силуетата на конвенционалното Camaro. Не само тоа, GM претходно веќе направи свое електрично Camaro, кое е наречено Chevrolet eCOPO Camaro кој ги освои симпатиите со своите 780 КС. За жал, GM својот единствен eCOPO Camaro автомобил реши да го продаде на аукција, но тоа не значи дека американскиот гигант нема да го „воскресне“ во некоја форма во иднина. Постоеја најави дека електричниот Camaro би бил во кросовер форма, нешто налик Ford Mustang Mach-E.

 

Поврзани вести

Back to top button