fbpx

Големo враќање на историската марка

Офанзивна понуда на модели со широк опсег и моторизација која ги покрива и најпребирливите купувачи е само стартот на амбициозниот пристап што марката MG Motor го подготвува за враќање на славните патеки од минатото

Под слоганот „Резервиран за Иднината“ наскоро на нашиот пазар пристигнуваат автомобилите на MG Motor, чии модели на европско тло веќе бележат значителни резултати. Како дополнување на познатото име и традицијата која се гради речиси еден век, MG во новото време ја носи идејата на новата генерација возачи да им понуди квалитетни, иновативни модели на автомобили придружени со својствен, модерен дизајн и најнови технологии.

MG Motors

Продолжување на традицијата

Во светот на автомобилите, марката Morris Garages зазема посебно место, основана во 1924 година во Велика Британија од пионерот на автомобилизмот и сопственик на тогашната компанија, Вилијам Морис со идеја да се развие во насока на спортски автомобилски бренд. Посветеноста и вложениот труд веднаш носи позитивни резултати. Имено, првиот автомобил на MG собори повеќе од 40 светски брзински рекорди и беше прогласен за најдобар и најпродаван тркачки автомобил во светот. Затоа и денес кога ќе се спомне името MG прво што ви паѓа на ум е мал, спортски двосед, најчесто кабриoлет кој е создаден за врвно автомобилско задоволство.

MG Motor

Повеќе од 90 години од основањето, ДНК-то на MG Motor ги обединува сите врвни перформанси кои ја направија компанијата успешна во минатото. Специфичните карактеристики што доаѓаат со традицијата се препознатливи и опипливи и денес кај новата генерација на автомобилите на MG, каде што спојот на наследството и високата технологија инспирира страст за возење и слобода на патот, истовремено обезбедувајќи удобност и максимална безбедност. „Создавањето нова ера на автомобили“, како што официјално го нарекуваат во MG Motor, значи дека компанијата користи нови технологии за да ги подобри своите модели кои се дефинираат како автомобили на иднината, погодни за секојдневните потреби и навики на современите возачи и урбаните млади семејства.

Офанзива во најава

Сериозниот пристап во работењето и ширењето на своите операции е видлив со отварање на преку 400 салони само на европско тло, присуството во 39 земји и дејствувањето на 5 континенти е дополнителен податок за кој со сигурност може да се каже дека MG Motor ги премина границите на Велика Британија и станува важен играч во светската автомобилска индустрија.

По своето враќање, во 2020 година MG Motor испорача 7.200 возила во Европа, а во 2021 година тој број е зголемен за трипати, продажбата достигна 22.000 возила. Растот на побарувачката продолжува и во 2022 година каде што се испорачани 22.135 примероци во првите 3 месеци од тековната година. Grand Automotive Adriatic претстави амбициозен план за воведување на брендот MG Motor на пазарите во Јадранот во 2022 година со отворање 20 продажни и сервисни центри до крајот на годината,а за 2023 година, планот е да се зголеми бројот на продажни и сервисни мрежи достигне 40 салони.

Почетокот на продажбата на возила за пазарите во Хрватска и Србија е планиран за 1 јули 2022 година, а за пазарите во Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија е поставен на 1 септември 2022 година. На презентацијата која се одржа на хрватското приморје, накратко имавме прилика да ги запознаеме моделите кои наскоро ќе се најдат во салоните на генералниот импортер за Македонија, компанијата Ми-Да Гранд Моторс од Скопје, која најави дека во нашата земја на стартот ќе бидат во понуда MG ZS и MG EHS Plug-in Hybrid, а останатите модели ќе пристигнат набрзо по официјалното отворање на салонот.

MG ZS – Урбана приказна

Гамата стартува со неодамна редизајнираниот MG ZS како преставник во B-SUV сегментот. Надворешениот дизајн резултира со динамичен и спортски израз додека успешно ги одржува практичните пропорции. Внатрешноста пак е обликувана со посебно внимание кон сите кои престојуваат во кабината со цел да  се чувствуваат максимално комфорно. Пространоста, богатата стандардна и дигитализирана опрема, како и големиот број на системи за безбедност се составен дел од пакетите на опременост. За задвижување се предвидени двата бензински мотори, потпомогнати од мануелен или автоматски менувач Палетата ја отвора атмосферскиот бензински агрегат со четири цилиндри и зафатнина од 1.5 литри со моќ од 106 КС, а како алтернатива се нуди троцилиндричен еднолитарски T-GDI агрегат, кој развива 111 КС со помош на турбо полнач.

MG Motor

MG ZS EV – Електричен придружник

Електричната верзија, ZS EV настапува со свеж дизајн, иновативна технологија и избор помеѓу два пакети на ултра ефикасни батерии за максимален досег. Достапен со две големини на батерии, стандардна (50,3 kWh) и долг домет (70 kWh) кои овозможуваат вкупен опсег на возење од 320 до максимални 440 км според WLTP мерењата. Ултра брзо полнење на DC полначи до 92 kW овозможува батеријата да се наполни од 5% до 80% за 40 минути. Електричните мотори со моќност од 156 КС во послабата верзија и 177 КС во помоќната изведба. Поради тоа што ја дели платформата со бензинската верзија, каросеријата на електричниот ZS EV е со идентични габарити, а разликите на надворешноста се сведени на минимум. За да се дистанцира електричниот ZS поседува впечатлива затворена маска во боја на каросеријата што ја подобрува аеродинамиката. Како куриозитет може да се напомене дека електричниот систем  овозможува напојување на надворешни електрични уреди до 2500 W.

MG EHS Plug in Hybrid – Моќни перформанси со еко пристап

Моделот MG EHS пристигна како SUV од C-сегментот со солидни пропорции и хармоничен дизајн, еколошки прифатлив, исклучиво безбеден и исполнет со напредна технологија. Plug-in Hybrid моделот е идеално решение за возачите кои се уште не се подготвени за целосно електричен автомобил, а сепак сакаат да управуваат со еколошки одржливо возило. Моделот EHS Plug-in Hybrid е придвижуван од 1.5-литарски бензински турбо мотор со 258 КС кој е помогнат од електричен мотор со 121 КС, а силата ја пренесуваат на предните тркала. Сепак, покрај импресивните резултати моторната комбинација обезбедува и врвна економичност кога е вклучен само електричниот мотор, батеријата со капацитет од 16,6 kWh обезбедува максимален опсег од 52 километри, што е сосема доволно за да се покрие просечното дневно патување. Воедно батеријата може да се наполни од 0% до 100% за само четири и пол часа.

MG5 Electric – Првиот електричен караван во светот

Достапен од март 2022 година на европскиот пазар, MG5 ја отелотворува мисијата на MG Motor, која има за цел да понуди електрична мобилност на сите клиенти кои се чувствуваат млади и сакаат да го прифатат електричниот начин на живот. Тој нуди паметни, практични и сигурни решенија, како и напредна технологија. Од самото лансирање моделот е достапен со два вида на батерии. Во изведбата „Long Range“ е вградена батеријата од 61,1 kWh која обезбедува опсег од 400 км според мерењата на WLTP, а предните тркала се придвижуваат од електричен мотор со моќност од 156 КС, додека верзијата „Standard Range“ доаѓа со батерија од 50,3 kWh која обезбедува автономија од 320 км. Дополнително, верзиите Standard и Long-Range нудат можност за приклучување на брзи полначи со моќност на полнење до 87 kW, што значи дека батеријата може да се наполни до 80% за само 40 минути.

Како и другите два SUV модели, караванот MG5 е опремен со многу практична функција „Vehicle-to-Load“,што значи дека, автомобилот може да послужи како извор на енергија за потрошувачи што обично ги приклучуваме во домашен штекер.

MG Marvel R Electric – Електричен луксуз

Позициониран на самиот врв во палетата на MG, Marvel R е наменет за клиенти кои бараат малку поинаков електричен SUV, а истовремено ја подигнува границата во однос на модерен дизајн, луксуз, перформанси, технологија и инфо-забава. Зад храбро обликуваната надворешност се скрива исклучително пространа кабина. MG Marvel R е достапен во две нивоа на моќност, верзијата AWD се напојува со дури три електрични мотори, два на задната и еден на предната оска, кои заедно развиваат моќност од 288 КС распоредени на сите 4 тркала.

MG Motor

Изведбата со погон само на задните тркала, односно без електричен мотор на предната оска ја носи ознаката RWD и развива респектабилни 189 КС. Двете верзии користат електрични мотори произведени од матичната компанија SAIC и литиум-јонска батерија со капацитет од 70 kWh, доволна за 370 км кај AWD и 402 км за RWD моделот. Моќноста на полнење до 92 kW значи дека батеријата може да се дополни од 5% до 80% за 40 минути или само половина час за полнење од 30% до 80%. Новиот MG Marvel R доаѓа опремен и со Vehicle-to-Load систем кој овозможува да напојува надворешни електрични уреди. Со други зборови, батерија од 70 kWh може да наполни опсег на електрични уреди, како што се електрични скари, фрижидери, аудио уреди, електрични велосипеди и скутери…

Сите модели без разлика дали се погонувани од бензински или хибриден погон доаѓаат со една од водечките гаранции на пазарот, која изнесува 7 години и 150.000 км, а истата важи и за електричниот погон и батеријата.

Повеќе информации окулу цените и достапноста на моделите на нашиот пазар ќе имаме штом тие бидат формирани од страна на генералниот импортер за Македонија.

Поврзани вести

Back to top button