fbpx

Golf GTI и GTD ќе дебитираат на саемот во Женева

Перформансната варијанта на најпопуларниот хечбек во Европа ќе биде премиерно претставенa на годинешното издание на Салонот за автомобили во Женева

Volkswagen официјално соопшти дека годинава во Женева ќе претстави две перформансни варијанти на Golf, и тоа оние кои ги носат ознаките GTI и GTD. Над нив, односно круна на понудата ќе биде Golf R, но неговата премиера се очекува некаде во јули.

Британски Autocar наведува дека престојниот Golf GTI ќе користи 2,0-литарски четирицилиндричен агрегат, кој ќе развива 242 КС во стандардниот трим, но дека во понудата ќе биде и посилната верзија со 287 КС. Наводно, во понудата ќе се задржи и шестстепениот мануелен менувач како и седумстепената автоматска трансмисија со двојна спојка. Иако британците не зборуваат за употребата на благиот хибриден систем, до неодамна се шпекулираше дека Golf GTI ќе биде опремен и со оваа технологија.

Кога станува збор за дизелскиот GTD, тој ќе користи 2,0-литарски турбо мотор со четири редно поставени цилиндри. Се истакнува дека таа погонска единица би требало да испорачува нешто помалку од 200 КС и дека исто така ќе биде понудена во пар со автоматски или мануелен менувач.

Golf R својата премиера ќе ја има на лето. VW се уште е мистериозен во врска со „бисерот“ во Golf семејството, но се очекува овој автомобил да располага со најмалку 300 КС, а во најсилното издание би можел да достигне и до 395 КС! Силата ќе се пренесува на двете осовини, како и кај претходните генерации на Golf R.

Volkswagen ќе понуди и перформансен plug-in хибриден Golf. Овој модел ќе ја носи ознаката GTE и ќе биде достапен во две варијанти, со 201 или 241 КС. Премиерата на хибридниот Golf ќе биде одржана исто така оваа година.

 

Поврзани вести

Back to top button