fbpx

Great Wall со првиот електромобил од Ora оваа езен

Најголемиот производител на теренци и пикапи во Кина Great Wall Motor Co., ќе стартува со продажбата на својот прв модел од сосема новиот бренд за електрични возила Ora, оваа есен

Тоа ќе биде Ora iQ, електричен компактен кросовер.

Great Wall го претстави својот подбренд за произвоство на електромобили Ora EV на Меѓународниот салон во Пекинг минатиот месец. Првиот модел на компанијата е Ora iQ, кросовер со должина од 4445 mm, ширина 1.735 и висина 1.567 mm. Меѓуоскиното растојание на електричниот автомобил е 2.615 mm. Изворот на енергија е од литиум-јонска батерија испорачана од кинескиот производител Contemporary Amperex Technology Co., која со едно полнење обезбедува автономија од 360 km.

Ora

Great Wall нуди во моментов на пазарот во Кина два електрифицирани модели – електро варијантa на познатиот и кај нас модел – седанот Great Wall C30 и хибридниот SUV од другата подружница, Wey – P8. Компанијата ќе лансира наскоро уште некои од своите електрифицирани модели или соодветни созадени во партнерство со други производители.

Ora

Поврзани вести

Back to top button