ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Groupe Renault петта година по ред со раст

Groupe Renault објави дека 2017 година ја завршила со 3.761.634 продажби, што претставува раст во реализацијата од 8,5%

Со тоа Групацијата евидентира петта година по ред со раст.

Од Groupe Renault коментираат дека марките Renault и Dacia регистрираа рекордно пазарно претставување минатата година, а реализација им достигна ниво од 2.670.982 (+ 7.4%), односно 655.235 единици (+ 12.2%). Кај Lada се забележува подобрување од 17,8%, односно пласирани 335.564 возила, а кај Renault Samsung Motors намалување од 10,1%, или 99.846 единици.
петта година по ред со раст

На територијата на Европа, каде за изминатата година се забележува општ раст од 3,3%, Groupe Renault има подобрување во бизнисот од 5,6%, или 1.911.169 автомобили, што е еднакво на 10,8% од вкупната реализација за годината.

петта година по ред со раст

Renault е водечки светски бренд од француските марки и е втор по големина бренд во Европа. Фирмата е на лидерското место и кај електричните изведби, држи пазарен удел од 23.8%, со раст во побарувачката на 100% електрично ZOE од 44%.

петта година по ред со раст

Клучни зборови

Поврзани вести

Close