fbpx

Groupe Renault со нов рекорд

Groupe Renault објави дека по завршувањето на 2017 година, компанијата евидентирала најдобро пазарно претставување во Франција за последните шест години

Со рекордна продажба, за периодот од 2011 до 2017, групата регистрира пазарен удел од 26.4%, а реализацијата на патнички и комерцијални возила за изминатите 12 месеци се зголеми за 3,4% во однос на оствареното лани, до ниво од 673.869 единици. Во текот на изминатата година, продажбата на брендот Renault во Франција достигна ниво од 554.505 единици, што претставува зголемување од 2,7% во споредба со 2016, а кај Dacia се забележа раст од 6,5%, односно 119.357 автомобили.

Groupe Renault

По завршувањето на 2017 година, Renault е застапен со четири модели во Топ 10 најдобро продаваните во Франција, а Clio продолжува да биде најбараниот автомобил во земјата, осма година по ред, со нови 117.500 единици, а Captur, Megane и Scenic ги заземаат 5, 9 и 10 место во годишново рангирање. Twingo доминира во својот сегмент, држи повеќе од 25% во групата на ултра компактни градски автомобили, а Talisman и Espace се најдобро понудените предлози во своите сегменти.

Целосно електричното ZOE е единствениот лидер на францускиот пазар, а забележа раст од 33%, или 15.245 единици и пазарен удел од 61%. Со раст од 6,5% во текот на изминатата година, Dacia се најде на петтата позиција кај марките во Франција, а моделот од портфолиото на брендот – Sandero е на осма позиција во Топ 10.
Groupe Renault

Поврзани вести

Back to top button