ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Групацијата VW може да ја замени својата фабрика во Украина со нова во Србија

Германскиот производител може да изгради нова фабрика во Србија каде ќе произведува дел од своите модели, почнувајќи со тие на Škoda

Деновиве по интернет порталите протече вест дека VW ја разгледува можноста за затварање на својата фабрика во Украина, поради лошата економска состојба во земјата. Овој погон служи за производство на Audi A4 и A6, Škoda Fabia и Octavia, како и Seat Leon, Altea и Toledo. Годишниот капацитет за производство изнесува 45.000 единици, но во 2016 година биле произведени само 4.000 возила.

Сопственикот на генералниот увозник за Škoda во Србија, Миленко Костиќ, за еден од локалните медиуми изјави дека менаџментот на VW и Škoda се распрашувале за условите во околните места во земјата.

„Поради ситуацијата во Украина, очекуваните резултати никогаш не се постигнати. Потенцијалното доаѓање на Volkswagen во Србија ќе биде фантастична вест за нашата земја и за економијата. Тие ме распрашаа за просечната плата, тренингот на работната сила, за што е поврзано со условите за бизнис”, изјави Костиќ.

Групацијата VW веќе некое време се ангажира за отворање на нова мулти-бренд фабрика во Источна Европа, каде Škoda ќе ја превземе водечката улога на оваа локација. Во едно интервју, главниот извршен директор на Škoda, Бернард Маер, изјавил дека на нивната листа се наоѓаат четири земји-кандидати, но останал таинствен околу нивното име.

Доколку брендот се одличи за Србија, најверојатно за локацијата ќе му бидат потребни 300 до 400 хектари. Костиќ рече дека единствената погодна локација за таква голема фабрика ќе биде во близина на градот Ниш и во северната покраина на Војводина.

Српскиот претседател Александар Вучиќ е особено заинтересиран за оваа опција, при што сака да оствари средба со претставници на автомобилскиот бренд нешто подоцна оваа недела.

„Србија е најсилната, најстабилна и најдобра земја за Volkswagen во споредба со сите пријателски земји заинтересирани за оваа инвестиција – Турција, Романија, Бугарија и уште една друга земја”, изјави Вучиќ.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close