GTO го „оживеа“ Ferrari 250 GT SWB Berlinetta Competizione

Ferrari 250 GT SWB Berlinetta Competizione е еден од најлегендарните тркачки автомобили на сите времиња

Ferrari Berlinetta Competizione, покрај тоа што е еден од најиконските тркачки автомобили кои некогаш се направени, а Сер Стирлинг Мос за него вели дека е „најдобриот GT автомобил на светот“, тој исто така претставува и еден од најскапите. Затоа, претставува вистинско мало чудо ако забележите еден таков на патиштата. За среќа, луѓето од GTO Engineering го претворија од тркачки во автомобил за секојдневна употреба, лансирајќи го 250 SWB Revival.

Ferrari 250 GT SWB Berlinetta

Како што налага и самото име, ова не е оригинален 250 GT SWB Berlinetta Competizione, туку е нешто најблиску до тоа. Ова е поради фактот што тимот на GTO Engineering ги користеше оригиналните цртежи, мерки и знаење за да го изгради автомобилот. 250 SWB Revival користи рачно изработена цевчеста рамка под алуминиумската каросерија.

Базиран е на пократките формати на Ferrari 250 GT SWB Berlinetta Competizione спецификациите, што е за 203 милиметри пократко од оригиналниот модел. Секој GTO Engineering 250 SWB Revival е креиран по мерка, со голем број опции со цел да се овозможи автомобилот да биде соодветен за користење на патиштата, за рели, за возење и тркање.

Ferrari 250 GT SWB Berlinetta

12 до 18 месеци за изработка на еден автомобил

Под долгата хауба, GTO Engineering го користи Colombo V12 моторот на Ferrari, кој е достапен со 3,0-литарски, 3,5-литарски и 4,0-литарски спецификации со моќност од 280 КС и повеќе. Секој агрегат користи троен карбуратор и доаѓа во комбинација со стандарден четиристепен или опционален петстепен мануелен менувач. Тимот креираше и сопствен дизајнерски пакет за менувачот.

Со цел да се направи 250 SWB Revival да биде помодерен кога станува збор за управувањето, GTO Engineering вгради и систем на потпирање по мерка и поставка која нуди зголемена стабилност, удобност и зафат во споредба со оригиналот. Помалиот управувач сито така е достапен како опција.

Ferrari 250 GT SWB Berlinetta

Убавината на сето ова е што автомобилот изгледа исто како оригиналниот Ferrari 250 GT SWB Berlinetta Competizione со тоа што е подостапен и полесен за возење на дневно ниво. Купувачите можат да го добијат 250 SWB Revival без браници (како што е стандардно на оригиналниот автомобил) или специјални хромирани браници.

Во внатрешноста, автомобилот е достапен со целосно кожни седишта како стандард, а како опција се нудат и кожни потпирачи за глава, раце и прекривка на покривот во оригиналниот перфориран материјал. Опционални додатоци се и клима-уредот, прикриен USB полнач, сателитска навигација и интегрирано стерео.

GTO Engineering досега има продадено 30 примероци, со тоа што за секој автомобил е потребно 12 до 18 месеци да се произведе зависно од спецификациите. 250 SWB Revival чини повеќе од 1 милион долари, но и тоа претставува „евтина“ сума со оглед на тоа дека за оригиналниот модел на Ferrari GT SWB Berlinetta Competizione треба да издвоите меѓу 13 и 14 милиони долари.

Поврзани вести

Back to top button