Gucci влегува во Formula 1: Alpine станува Gucci Racing Alpine од 2027 година

Gucci официјално влегува во Formula 1 како прв луксузен моден брен партнер на F1 тим како дел од Gucci Racing Alpine Formula One тимот

Италијанската модна куќа Gucci официјално влегува во светот на Formula 1, и тоа на историски начин. Од сезоната 2027, тимот на Alpine Formula One Team ќе настапува под новото име „Gucci Racing Alpine Formula One Team“, со што Gucci станува првата луксузна модна куќа која ќе биде титуларен партнер на Formula 1 тим.

Овој потег претставува нова ера во спојувањето на луксузната мода, спортот и автомобилската индустрија, а партнерството веќе се смета за едно од најзначајните комерцијални случувања во модерната историја на Formula 1.

Gucci Racing – нова платформа за луксуз и перформанси

Со новата соработка, Gucci ја лансира и платформата „Gucci Racing“, создадена како комбинација на луксуз, перформанси, дисциплина и технолошка извонредност. Новиот бренд ќе биде претставен преку специјално лого кое ги комбинира препознатливите двојни „G“ симболи со новиот Gucci Racing идентитет.

Според компанијата, проектот нема да се ограничува само на присуство на тркачката патека. Планот вклучува ексклузивни производи, специјални искуства за клиенти, дигитална содржина и премиум настани кои ќе ја поврзат модата со светот на мотоспортот.

Formula 1 станува магнет за луксузните брендови

Во последните години, Formula 1 прерасна во глобална платформа со огромно влијание, достигнувајќи публика од повеќе од 1,5 милијарди луѓе секоја сезона. Особено важен е растот на помладата публика и женските фанови, што ја прави Formula 1 исклучително атрактивна за луксузните брендови.

Токму затоа Gucci гледа огромен потенцијал во овој спорт, користејќи го како алатка за дополнително зајакнување на својот глобален имиџ и присуство на клучните пазари.

Alpine и Gucci со заедничка визија

Партнерството доаѓа во период кога Alpine бележи позитивен напредок во Formula 1. Тимот моментално има силна сезона, а возачите Pierre Gasly и Franco Colapinto продолжуваат да освојуваат важни бодови.

Извршниот советник на тимот, Flavio Briatore, изјави дека партнерството со Gucci претставува огромен чекор напред за Alpine и доказ за растечката вредност на тимот.

Од друга страна, претседателката и извршна директорка на Gucci, Francesca Bellettini, истакна дека ова е почеток на сосема ново поглавје за брендот, кој сака да игра многу поголема улога на глобалната спортска сцена.

Од модни писти до Formula 1 болиди

Новиот „Gucci Racing Alpine Formula One Team“ ќе дебитира во сезоната 2027, а болидите ќе добијат специјални бои и визуелен идентитет инспириран од Gucci.

Партнерството дополнително ја потврдува трансформацијата на Formula 1 од класичен мотоспорт во глобален lifestyle и premium entertainment бренд, каде модата, технологијата и автомобилите сè повеќе се испреплетуваат.

Со овој потег, Gucci не само што влегува во Formula 1, туку испраќа јасна порака дека иднината на луксузните брендови лежи во создавање уникатни искуства и силна поврзаност со модерната глобална публика.

Поврзани вести

Back to top button