Гвангжу: Претставен освежениот Jeep Compass

Американскиот бренд за SUV возила Jeep го претстави освежениот Compass за моделската 2022 година на Салонот за автомобили во Гвангжу, Кина

И покрај тоа што освежениот Jeep Compass е инстантно препознатлив, сепак кросоверот добива ревидирана предна решетка и нови фарови. Овие промени се тешко забележливи на прв поглед, сепак воочливо е дека предницата ќе се карактеризира со поголем преден отвор и репозиционирани магленки. Кросоверот исто така ќе добие и поспортски долен отвор за воздух со правоаголни акценти.

Jeep Compass Trailhawk е нешто поинаков и се одликува со уникатна предница со потесен централен отвор. Исто така, забележлив е и аголниот браник, црвените куки и уникатната прекривка на долниот отвор за воздух.

Промените на екстериерот се минимални, но истото не може да се каже за ентериерот со оглед на тоа дека пристигнува со нов управувач, редизајнирана контролна табла и 10,25-инчен инфозабавен систем. Може да се забележи и новиот панел со копчиња и команди и дигиталниот инструмент кластер со екран од 10,1-инчи.

Jeep Compass

Промените не застануваат тука, со оглед на тоа дека дизајнерите додадоа и нова централна конзола, ревидиран менувач и нов бежичен полнач за паметни телефони. Благодарение на овие промени, освежениот Compass е далеку полуксузен во однос на својот претходник.

Според Autohome, освежениот Jeep Compass со кинески спецификации ќе се нуди со два различни мотори. Базичниот е 1,3-литарски турбо мотор кој пристигнува со седумстепен менувач со двојна спојка и погон на предните тркала. Купувачите исто така можат да се одлучат и за 1,4-литарски деветстепен автоматски менувач со погон на сите четири тркала.

Jeep Compass 2022 најверојатно за европскиот пазар најверојатно ќе биде претставен за неколку месеци, но засега нема никакви детали за спецификациите.

Поврзани вести

Back to top button