НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Harley-Davidson зачекорува во новa епоха

Култната американска марка за мотоцикли, Harley-Davidson, најави амбициозна програма за развој до 2022 година

Компанијата влегува во непознати територии со три целосно нови модели, изградени на дизајнирана од нула модуларна платформа со мотори со водено ладење и обем меѓу 500 и 1.250 кубни сантиметри. Најсериозен интерес се очекува да предизвика првиот авантиристички турер во историјата на брендот. Pan America 1250 ќе се бори за клиенти со докажани класици на жанрот, како на пример серијата GS на BMW и Ducati Multistrada.

Следниот модел е Streetfighter кој сеуште нема име. Тој ќе биде опремен со новиот 975 ccm V-twin мотор од средната класа. Ќе се одликува со типична за оваа категорија на бајкови и ќе се обиде да преземе дел од потенцијалните купувачи на Ducati Monster.

Harley-Davidson

Третиот од планираните нови вемотоцикли е со 1.250 ccm, криузeр со класична позиција на возачот, со нозете напред. Сеуште не е јасно дали овој модел ќе го замени стариот добар Sportster. Во Милвоки се зафатиле цврсто да измислуваат и стратегија за опстанок на азиските пазари, каде што се наметнаа на странските компании царински давачки, како одговор на трговската војна, која ја започна Доналд Трамп.

Специјално за таму компанијата планира да развие евтини мотоцикли со зафатнина меѓу 250 и 500 кубика. Според планот догодина претстои пазарното деби на првиот електричен мотоцикл на брендот, за кој се зборува пет години.

LiveWire ќе биде основа за цела палета на мотори на струја, кои ќе го претворат Harley-Davidson лидер во сегментот.

Harley-Davidson

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close