fbpx

Hennessey има големи планови за Chevrolet Corvette

Познатата тјунинг компанија Hennessey подготвува сеопфатен пакет доработки со кои осмата генерација на најпознатиот американски спортски автомобил во најекстремната верзија ќе биде придвижуван од 1.200 КС

Беше прашање на време кога во познатата тјунинг компанија од Тексас ќе се позанимаваат со новото осмо издание на Corvette, бидејќи токму Hennessey е синоним за бескомпромисно доработување на најпознатиот американски спортски автомобил.

И додека Chevrolet новата Corvetta засега ја нуди само во комбинација со централно сместениот 6.2-литарски атмосферски V8 мотор кој на задната осовина испорачува 500 коњски сили и 637 Nm, во Hennessey на купувачите наскоро ќе им понудат значително посилни варијанти.

Основачот и сопственикот на компанијата, Џон Хенеси, изјави дека првата во низа посилни Corvettie изданија ќе ги движи мотор кој со помош на механички компресор ќе располага со 700 КС, а во подготовка е и комбинација со два турбо полначи кои ќе резултираат со дури 1.200 КС на задната осовина.

Мора да се напомене дека максималната сила се добива со користење на тркачко гориво, но се уште можете да добиете до 1.100 КС доколку користите регуларно гориво. Доколку ја сакате вашата Corvette со осум-степен автоматски менувач, Hennessey ќе мора да го модифицира менувачот за да може да се справи со дополнителната моќ.

Со дополнителниот потенцијал Corvette ќе добие унапреден систем на адаптивно потпирање, подобри кочници и нов комплет фелни и гуми, а адекватно рекалибрирање нема избегне ниту автоматскиот менувач со две спојки. Новите каросериски компоненти ќе се нудат во двете комбинации.

 

Поврзани вести

Back to top button