ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Хипер-автомобил на Lamborghini од 1 милион долари?

Италијанците со нова замисла за хипер-автомобил кој би доаѓал во ограничена серија и со екстремен фокус на аеродинамиката

Од Autocar известија дека идејата за еден ваков концептен автомобил кој би наликувал на McLaren Senna и Aston Martin Valkyrie, појавила интерес кај извршниот директор на Lamborghini Стефано Доменикали. Со оглед на тоа што ова е само идеја, сеуште не е јасно кои технологии би биле имплементирани во овој модел.

Нешто што сепак би можеле да претпоставиме е дека хипер-автомобилот би бил погонуван од 6.5 литарскиот V12 мотор, со можност и за дополнителен електричен мотор, кој би придонел за зголемување на излезната моќност. Аеродринамиката би била инспирирана од таа кај Huracan Performante и Aventador SVJ, но исто така кај овој автомобил може да бидат употребени и некои нови и подобрени системи за активна аеродинамика.

Lamborghini

Но, доколку Lamborghini има амбиција со овој автомобил да ги надмине сите конкурентски во оваа класа, потребно е да искористи и некои од триковите за подвозна аеродинамика на Aston Martin.

Овој врвен произодител речиси никогаш немал потешкотии со продавање на своите возилата особено на оние во ограничена серија, па така очекувано би било ваквиот хупер-автомобил да се распродаде речиси веднаш. Сега само ни преостанува да видиме дали Доменикали ќе се реши овој проект да го направи реалност.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close