fbpx

Honda со CR-V Hybrid во Париз

Неколку дена пред почетокот на меѓународниот саем во Париз, Honda откри детали за експонатите што ќе ги презентира na изложбениот салон

Главниот фокус на штандот на Honda ќе биде премиерата на првиот хибриден SUV за европскиот пазар. Од брендот велат дека новиот CR-V Hybrid, во верзија со погон на предните тркала, ќе биде во можност да помине 100 километри со 5,3 литри гориво во комбиниран циклус на управување, додека на верзијата со четири тркала ќе има потреба од 5.5 литри.

Првите едниници на CR-V Hybrid во Европа ќе почнат да се реализираат во текот на следните неколку месеци, а првите испораки ќе бидат реализирани во почетокот на 2019 година.

Моделот е опремен со системот Honda Hybrid Performance кој користи интелигентен i-MMD (intelligent Multi -Mode Drive) модул за управување со оперативните режими на хибридниот систем. Самиот е составена од дволитарскиот i-VTEC бензинец, моќен електромотор и литиум-јонски батерии. Вкупната максимална моќност на системот е 184 коњски сили, а максималниот вртежен момент достигнува 315 Nm.

Во зависност од движењето и барањата од страна на возачот, интелигентниот систем за управување со хибридниот погонски систем на CR-V Hybrid работи во три режима- целосно електрични EV Drive, хибриден Hybrid Drive и Engine Drive, кој префрла помеѓу нив за постигнување на оптимална потрошувачка на гориво.

CR-V Hybrid

Поврзани вести

Back to top button