Новиот Honda CR-V со одлична безбедносна проценка од страна на Euro NCAP
Новиот Honda CR-V доби највисока оценка од пет ѕвездички во најновото издание на традиционалните безбедносни тестови на независниот Euro NCAP
Автомобилот има своја уникатна структура на каросеријата со водечка сила и целосен опсег на активна безбедносна технологија. Дизајнот на платформата е во согласност со концептот All Directions Collision Safety и е со структура на каросеријата ACE ™ (Advanced Compatibility Engineering) од новата генерација.
Кај неа е користена мрежа на поврзани елементи, чија задача е да ја распределува рамномерно енергијата при удар, на тој начин значително се намалуваат силите, влијаат на патничкиот простор и се зголемува цврстината на предната, задната и страничните зони на каросеријата.
Пасивната безбедност на новиот CR-V е дополнета од систем Honda Sensing™, која претставува збир на активни асистенти и е меѓу најдобрите во својата класа. Ги користи и радарите, камерата и високотехнолошките информации од сензорот за да го предупредат и помогнат на возачот во потенцијална опасност.