ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Honda лансира два електрични модели догодина

Honda планира да лансира два нови електрични модели во 2018 година, а заедно со нив под полна пареа оди и развојот на автономните технологии на брендот, кои во 2020 треба да можат да обезбедат движење на автомобил на автопат без учество на возачот

Honda планира да лансира два нови електрични модели во 2018 година, а заедно со нив под полна пареа оди и развојот на автономните технологии на брендот, кои во 2020 треба да можат да обезбедат движење на автомобил на автопат без учество на возачот.

Претседателот и извршен директор на Honda, Такахиро Хачиго, потврди на средба со медиумите во Токио дека едниот од новите електрични модели ќе биде прикажан оваа есен, а другиот се развива ексклузивно за пазарот во Кина. Двата модела ќе се првите производи на новата Electric Vehicles Development Division, која е дел од одделот за истражување и развој на Honda.

Во 2020 година, пак, компанијата планира да го претстави на пазарот автопилотот за автопатишта.

Според најавите на Хачико:

-системот ќе може да го води автомобилот „во неколку ленти, а не само во една, без интервенција на возачот”.

Покрај ова, возачот ќе биде ослободен од обврската да следи она што се случува наоколу при метеж. Системот ќе оперира целосно самостојно. Откако ќе се постигне оваа цел, Honda планира да продолжи со развојот на автономен систем кој до 2025 година ќе ги покрие и барањата на Ниво 4.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close