fbpx

Honda го претстави електричниот e:concept

Honda официјално го претстави својот e:concept SUV, дизајнерска студија како најава за електричниот кросовер на компанијата

Од Honda истакнуваат дека престојниот електричен автомобил за масовно производство „ќе понуди вредноста базирана на мобилното искуство кое останува свежо и забавно за купувачите“. Јапонскиот производител не ги откри спецификациите, но истакна дека моделот ќе биде опремен со напредни возачки и системи за асистенција на возачот, како и Honda Sensing безбедносниот пакет од новата генерација и Honda Connect инфозабавниот систем.

Honda Sensing пакетот ќе содржи унапредено препознавање, како и самостојно носење на одлуки благодарение на пошироката предна камера и приаќањето на 360-степениот радар, кој ќе му овозможи на системот да ја детиктира периферната околина на возилото попрецизно. Кога станува збор за Honda Connect, системот ќе добие AI интерфејс, поврзаност со паметен телфон и бежични унапредувања кои ќе бидат достапни преку унапредена конективност.

За жал, Honda не објави фотографии од ентериерот на e:concept, прикажувајќи притоа само три фотки од екстериерот. Студијата претставена во Пекинг изгледа како значително отстапување од актуелната SUV гама на Honda. Концептот се карактеризира со атлетска каросерија со долга хауба, две масивни врати и опаѓачка покривна линија, меѓу другото. Треба да се напомене, за разлика од концептот со три врати, продукцискиот модел најверојатно ќе има попрактична форма со пет врати.

Хоризонталните LED предни и задни светла имаат слична форма, со тоа што секој пар е поврзан преку осветлена линија, а под нив се наоѓа осветлено Honda лого. Агресивниот и спортски преден браник е пресликан и на задната страна. Меѓу останатите стилски карактеристики, тука е конкавната површина на долната половина на вратите, пластичната облога над сводовите на тркалата и повеќекраки тркала.

Од Honda засега немаат конкретни информации за тоа кога продукциската верзија на кросоверот e:concept ќе се појави во продажба.

Поврзани вести

Back to top button