Honda ја прошири понудата на Civic Type R со Sport Line

Honda ја проширува лепезата на Civic Type R со две нови варијанти, а тоа се Civic Limited Edition и Civic Sport Line наменет за европскиот пазар

Јапонската компанија понуди опција за сите љубители на Civic кои сакаат помалку „егзотична“ верзија од чистиот Type R Civic. Станува збор за моделот Civic Type R Sport Line. Оваа варијанта е резервирана исклучиво за Европа, така што нема да се најде од другата страна на Атлантикот, за каде пак е резервиран „обичниот“ редизајн на Honda Civic Type R за 2020 година.

Honda Civic Type R Sport Line доаѓа со 19-инчни тркала со темно сив финиш и краци во форма на буквата V. Honda на овој автомобил инсталираше Michelin Pilot Sports 4S гуми со помеки странични ѕидови во однос на регуларниот модел, што носи покомфорно возење. Звукот исто така е придушен, а редуцирани се и вибрациите кои продираат во кабинскиот простор.

Sport Line
Honda Civic Type R Sport Line

Покрај тоа што задното крило е заменето со спојлер, Honda исто така ја додаде и карактеристичната странична линија долж долниот дел од каросеријата. Црвениот трим од стандардниот Civic Type R модел исто така го нема. Инаку, новајлијата е достапен и во новата Racing Blue сина боја.

Внатрешноста ја красат црни седишта со изразена латерална поддршка и црвени шевови. Управувачот е преслечен во Алкантара, а уште една естетска новина е рачниот менувач во облик на солза.

Sport Line

Погонската единица останува непроменета. Тука е познатиот 2,0-литарски турбо бензинец со 320 КС и 400 Nm, а силата ќе се пренесува со шестстепен мануелен менувач. Како и кај стандардниот Type R, новиот Civic Type R Sport Line е опремен со голема палета на безбедни и комфорни системи. Новата варијанта исто така го добива и 7-инчниот инфозабавен систем со Apple CarPlay и Android Auto.

Type R Limited Edition со само 100 модели за Европа

Јапонската компанија го презентираше и Limited Edition, за кој велат дека е „најчистиот“ Type R досега. Направен со фокус на тркачките перформанси, Type R Limited Edition е дизајниран и конструиран да биде најдинамичниот хечбек со погон на предни тркала некогаш. Со новите лесни компоненти и интериерот насочен кон возачот, ова е најекстремната верзија на Civic Type R.

Limited Edition

Само 100 од овие верзии ќе бидат произведени за Европа. Limited Edition верзијата доаѓа со лесни 20-инчни BBS алуминиумски тркала со Michelin Cup 2 гуми кои се дизајнирани за тркање, а сепак можат да придонесат со одлични перформанси во секојдневното возење. Овој автомобил ќе пристигне со ексклузивна нова боја, Sunlight Yellow заедно со црн хромиран Civic беџ на задната страна. Type R Limited Edition ќе добие и модифициран инфозабавен систем и систем за вентилација и клима-уред со кои се заштедува на тежина. За таа цел направени се измени и на звучната изолација на покривот, задниот панел, предниот браник и инструменталната табла. Поради тоа, Limited Edition е 47 килограми полесен од стандардниот Civic Type R. За разлика од останатите перформансни модели кај другите брендови, Type R Limited Edition ги задржува своите задни седишта и можноста за секојдневна употреба по што е познат Civic.

Новиот Limited Edition модел го зачувува моќниот 2,0-литарски VTEC турбо мотор од Type R. Од нула до „стотка“ Limited Edition стигнува за 5,7 секунди. Продажбата на 100-те Type R Limited Edition во Европа ќе започне ова лето. Цените ќе бидат објавени пред почетокот на истата.

Civic го добива новиот систем Honda LogR

Honda го редизајнираше и веќе постоечкиот Civic Type R GT. Така, кај овој модел е обновен предниот браник кој добива измазнет дизајн, додека долното светло за магла овозможува нов симетричен дизајн. Целосно редизајнираните LED кластери и дневните светла го комплетираат чистиот дизајн кој ќе се појави на целосната палета на Civic. Honda го надополнува новиот изглед со поголеми всисувачи на воздухот и потенка предна решетка. Системот на потпирање исто така е унапреден за поостро и подобро управување. Цената на Type R GT изнесува 41.900 евра.

2020 Civic Type R GT

Во Sport Line и останатите Civic Type R ќе се појави и новиот перформансен даталогер, ексклузивен за Type R. Познат како Honda LogR, новиот систем го комбинира борд компјутерот на Type R и неговите сензори со апликација за паметен телефон, со цел да им помогне на возачите да ги следат и снимаат различните перформансни параметри. Исто така, помага за унапредување на возачките вештини. Со достапноста до борд компјутерот, Honda LogR ќе може да донесе многу повеќе детали отколку останатите перформансни апликации.

Новиот Civic Type R Sport Line на европскиот пазар ќе се појави најпрво во Германија оваа пролет.  Почетната цена ќе изнесува 41.490 евра.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close