fbpx

Honda ќе купува струја од ветерни и соларни фарми

Honda се согласи да купи 320 мегавати електрична енергија од ветерни и соларни фарми во Тексас и Оклахома

Ова претставува најголем откуп на „чиста“ електрична енергија досега од страна на производителот на автомобили. Компанијата со седиште во Токио ќе ја користи електричната енергија за да ги неутрализира емисиите од своите фабрики во Охајо, Индијана и Алабама, се вели во соопштението од понеделникот. Ова ќе и овозможи на Honda да ги намали штетните емисии од производството за цели 60 проценти во Северна Америка.

Honda е меѓу зголемениот број на големи компании кои се свртуваат кон обновливите извори на енергија, бидејќи ветерот и сончевата енергија стануваат два од најевтините достапни извори на енергија. Корпоративните набавки на „чистата“ енергија досега достигнаа најголема вредност од 13,4 гигавати во 2018 година. Тие се на добар пат да го соборат тој рекорд оваа година.

Honda

„Во последните неколку години, почнавме да сфаќаме дека доколку сакаме да направиме огромни намалувања на емисијата на СО2 од употребата на енергија, навистина треба да истражуваме во усвојувањето на обновливата енергија“, изјави Рајан Харти, менаџер во одделот за развој на деловната средина во Honda USA.

Како дел од договорот што беше објавен во понеделникот, Honda ќе започне со купување на електрична енергија од есен 2020 година од фармата за ветерници „Boiling Springs“ во Оклахома. Следната година, таа ќе започне со купување енергија од соларна фарма во Тексас.

Поврзани вести

Back to top button