Honda со првите детали за HR-V 2019

Honda откри први детали за верзијата за моделската 2019 година на HR-V, а од брендот коментираат дека тоа ќе биде најнапредна еволуција во целата историја на возилото

Од Honda велат дека на HR-V 2019, првите испораки на клиенти ќе започнат во октомври, а ќе се одликува со обновен и стилизиран дизајн, подобрена звучна изолација на каросеријата, богат сет високотехнолошки системи, како и нови и поквалитетни тапацири и седишта со поголема удобност.

При промоцијата на пазарот, Honda HR-V 2019 ќе се нуди со нов моќен и ефикасен 1.5 литарски i-VTEC бензинец, а следната година модификациониот спектар на моделот ќе добие 1.5-литарски VTEC TURBO и 1.6- литарски i-DTEC дизел мотор.

HR-V

Новата 1.5-литарска i-VTEC верзија на HR-V 2019 ќе предложи максимална моќност од 130 коњски сили и вртежен момент од 155 Nm. Oд 0 до 100 km/h ќе забрзува за 10.7 секунди во верзија со шест-брзински мануелен менувач и 11.2 секунди со изборниот CVT пренос. Просечната потрошувачка на гориво на оваа модификација е 5,3 литри на 100 километри.

HR-V ќе биде достапна со модуларни седишта Magic Seat на Honda, а идните сопственици на автомобилот ќе можат да избираат меѓу 8 екстериерни бои.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close