fbpx

Honda се повлекува од Formula 1 на крајот од 2021

Honda објави изненадувачко соопштение дека се повлекува од Formula 1 како снабдувач со мотори на крајот од 2021 сезоната

Јапонскиот производител Honda го шокираше светот на мотоспортот со најавата дека ќе се повлече од Formula 1 шампионатот како снабдувач со моторни единици на крајот од сезоната 2021. Јапонците наместо тоа ќе се насочат на истражување и развој на горивни ќелии и EV технологии, како дел од нивниот план за реализација на CO2 неутралност до 2050 година.

„Honda има потреба да ги насочи своите корпоративни ресурси во истражување и развој на полето на идните напојувачки единици и енергетски технологии, вклучително и возила со горивни ќелии (FCV) и батериски електрични возила (BEV), кои ќе бидат јадрото на технологиите без јаглерод диоксид“, изјави компанијата во своето соопштение.

Honda ќе се откаже од Formula 1 на крајот од 2021 година, која е последната година со актуелните технички регулативи во најбрзиот циркус на планетата.

Red Bull и Alpha Tauri во потрага по нов снабдувач

Во моментов останува нејасно кој снабдувач со мотори ќе ја замени Honda во Red Bull Racing и Scuderia Alpha Tauri, оставајќи им на двата тима само три опции – Mercedes-AMG, Ferrari и Renault. Сепак, малку е веројатно дека Mercedes и Ferrari ќе постигнат договор со Red Bull и Alpha Tauri, па така Renault во моментов е најверојатниот снабдувач за двата тима.

ALL-NEW HONDA JAZZ INSPIRED BY FORMULA 1 HYBRID EXPERTISE

„Како тим разбираме колку е тешко за Honda Motor Company да ја донесе одлуката за повлекување од Formula 1 на крајот од сезоната 2021. Иако сме разочарани што нема да го продолжиме нашето партнерство со Honda, ние сме мошне горди на нашиот заеднички успех, кои резултираат со пет победи и 15 подиуми за двата тима на Red Bull и им благодариме на сите во Honda за нивните неверојатни напори и посветеност“, изјави шефот на Red Bull Team, Кристијан Хорнер.

Honda се врати во Formula 1 во 2015 година со McLaren како снабдувач на мотори. Комбинацијата не беше успешна и нивното партнерство заврши по само три тркачки сезони, по што Honda започна да го снабдува Alpha Tauri една година, пред да го преземе и Red Bull.

 

Поврзани вести

Back to top button