fbpx

Honda Sound Sitter ги смирува расплаканите доенчиња

Honda Sound Sitter кадифеното купе со две врати е дизајниран со цел да ги смирува децата со моторните звуци на NSX

Оваа играчка е создадена како експеримент, бидејќи е забележано дека звукот на моторот има смирувачки ефект врз малите деца. Honda Sound Sitter има интегриран звучник кој може да биде далечински активиран за да репродуцира звуци од Acura или Honda NSX.

Различни студии покажале дека новороденчињата се смируваат доколку слушаат звуци кои се слични со звуците кои ги слушаат во утробата на мајката. Оваа играчка произведува нискофреквентни звуци.

За овој експеримент биле тестирани 37 различни возила, меѓу кои, Integra (1986), Prelude (1987), S2000 (1999), Acura Integra Type R (2001) и NSX (2018). Honda утврдила дека звук со најблиска фреквенција до звукот кој бебињата го слушаат во матката има моторот на NSX.

Иако играчката е само прототип, многу од родителите кои биле вклучени во експериментот забележале дека нивните доенчиња престанале да плачат по користење на истата.

Поврзани вести

Back to top button