fbpx

Honda Urban EV на салонот во Женева?

Електричниот концепт на Honda – Urban EV, својата премиера ја имаже во септември 2017 година на саемот за автомобили во Франкфурт, додека предсериската верзија се очекува да ја видиме на салонот во Женева во март месец

Како стојат работите, серискиот модел се очекува да се појави во септември оваа година на саемот во Франкфурт, со што неговата пазарна продажба во Европа би требало да почне на почетокот на 2020 година. Исто така, возможно е овој мал автомобил од 390 сантиметри да не ја има досегашната ознака Urban EV, бидејќи Honda веќе има некои потешкотии околу името. Како и да е, Јапонците очекуваат дека овој модел ќе се продава во 5.000 единици годишно.

Honda Urban EV

За разлика од концептот кој го видовме, сериската верзија ќе има пет врати и ќе има простор за пет патници, наместо предвидените четири. Друга разлика може да се види и во задните светла. За сега нема многу детали околу перформансите на автомобилот, но доколку се потпреме на некои претходни вести околу овој модел, може да се очекува дека со едно полнење Urban EV ќе помине од 250 до 350 километри.

Honda Urban EV

Поврзани вести

Back to top button