fbpx

Hongqi H9 – „Кинески микс“ како ривал на Mercedes S класа

FAW Hongqi, најстариот кинески производител на луксузни автомобили, го претстави својот нов модел H9 кој е „микс“ на некои од најпрестижните автомобили

Компанијата Hongqi тврди дека моделот H9 е продукт на нивниот најнов дизајн, а дека во овој „коктел“ ги уфрлија Maybach, Cadillac, па дури и Rolls-Royce на некои делови од автомобилот. Кинескиот концерн FAW Hongqi во текот на својата историја произведувал супер луксузни лимузини кои по правило биле користени од политичката елита, односно црвената буржоазија на Народната Република. Но, пред четири години беше одлучено Hongqi да се промени во марка која ќе произведува премиум автомобили за пошироката, во материјална смисла, одлично ситуирана кинеска маса.

Неколку модели се претставени на локалниот пазар од тогаш, односно во изминатите четири години. Растот на продажбата беше фантастичен, што и не беше неочекувано со оглед на фактот дека од вкупно четири новитети дебитираа три кросовери. Во текот на 2017. година, неполни пет илјади купувачи се одлучиле за некој Hongqi автомобил, но две години подоцна веќе имаше стотици илјади.

Hongqi H9

Почетокот на 2020 година е одбележан со премиера, досега најлуксузниот и најскапоцен цивилен модел. Станува збор за блескавиот седан Hongqi H9 седан. Овој автомобил е замислен како големосериско возило кој ќе се натпреварува со седан верзиите на германските гиганти – Mercededs-Benz S класа, BMW Серија 7 и Audi A8.

H9 е првиот модел во чиј развој учество зеде и поранешниот дизајнер на компанијата Rolls-Royce, Жил Тејлор, кого FAW го намами во своите редови во 2018. година. Меѓутоа, во студиите на дизајнерите и инженерите на компанијата, животниот пат на големиот седан започна во 2017. година, па така главниот дел околу развојот на автомобилот го одработи тимот на кинески стилисти на чело со Динг Јанфен.

Новиот H9 е „коктел“ на некои од најпрестижните автомобили

Кога ќе се спореди со европската конкуренција, овој автомобил е нешто погломазен и долг е 5,2 метри, а во внатрешноста исто така е простран. Компанијата Hongqi тврди дека во својот модел уфрлиле елементи на Maybach, Cadillac и Rolls-Royce на некои делови од автомобилот.

Иако за новајлијата и не може да се каже баш дека поседува оригинален настап, челниците на марката тврдат дека H9 е темел на нов корпоративен идентитет, односно промотер на стилот кој подоцна ќе се прелее на целата гама.

Внатрешноста на лимузината изобилува со природна кожа и примероци изработени од природно дрво. На централно поставениот панел се позиционирани два главни дисплеи, еден со инструменти, а другиот за следење на поставките на мултимедијалниот систем. Дополнително, пред публиката се наоѓа уште еден светлечки панел.

Hongqi H9

Управувачот поседува копчиња чувствителни на допир, додека во ергономска смисла, најконтроверзно решение е она кое го регулира стартувањето на моторот со притискање на копче. Имено, тоа е лоцирано меѓу копчињата кои служат за управување со работата на клима-уредот.

Производителот одлучи веризијата на Hongqi H9 која прва ќе се појави пред публиката да биде онаа најпрестижната. Таа варијанта поседува две физички посебни седишта во задниот дел, кои индивидуално се подесуваат со електронска асистенција, греење и вентилација. Кинезите најавија и нешто поскромна варијанта која ќе поседува единствена клупа позади, онаа која нуди можност за сместување до три лица.

Останатите ставки на опрема од листата на опционали, вклучуваат стаклен панорамски покривен отвор, екрани за инфо-забавен систем на задните седишта и практично сето она што може да очекува купувачот на оваа класа.

Hongqi H9

Купувачите ќе бираат меѓу два типа на мотори

На предната страна од автомобилот може да се види хромирана решетка која ја опкружуваат LED диоди, додека фаровите се во Marix LED стил. Уште една фантастична работа кај овој автомобил се неговите тркала од 20 инчи кои даваат целосно поинаков поглед на овој луксузен кинески автомобил.

Новитетот може да користи два турбо мотори, а изборот е оставен на идните купувачи. Станува збор за 2,0-литарски четирицилиндричен мотор кој развива 252 КС со 380 Nm максимален вртежен момент. Алтернатива за него е трилитарска V6 единица која испорачува 272 КС и 400 Nm. Она што се смета за мана на овој автомобил е што му е потребно нешто повеќе време за да достигне 100 километри на час, со оглед на тоа дека му се потребни нешто помалку од 8 секунди.

Големиот седан нуди и автономно возење класифицирано меѓу второ и трето ниво, што значи дека тој систем подразбира напреден адаптивен темпомат со функција на одржување на сообраќајната лента.

Hongqi H9 ќе се најде во понудата на матичниот пазар во периодот кој следува, но цените се уште не се откриени. Во следните пет години Кинезите планираат да претстават 21 нови модели кои ќе бидат понудени на купувачите. Од нив, 18 ќе користат хибридни или чисто електрични мотори.

Поврзани вести

Back to top button