fbpx

Новиот хрватски хипер автомобил доби своја прототипна верзија

За потребите на аеродинамичните испитувања, хрватскиот Rimac изгради прототипна верзија на својот нов модел наречен C_Two, кој претставува електричен хипер автомобил со моќност од 1.914 коњски сили

Во март годинава, хрватскиот производител на хипер автомобили Rimac го најави својот втор модел наречен C_Two. Овој автомобил доби своја прототипна изведба, која служи за потребите на понатамошните аеродинамични испитувања, кои се од клучен карактер кај еден ваков хипер автомобил.

Од Rimac изјавија дека при развојот на C_Two, стотици интеракции, различни стратегии и геометрии биле симулирани во CFD (Computational Fluid Dynamic). Уште од првиот дизајн, секоја површина претрпела свои измени поради низа на фактори, со цел да се добие оптимално решение. Секоја промена била во согласност со барањата во делот за дизајн на возила, инженерскиот дел, хомологацијата, ергономијата, кинематиката, изводливоста, како и многу други влијателни фактори. Откако се постигнал задоволителниот статус при овие виртуелни симулации, изградбата на една ваква прототип верзија била нареден чекор, со која физички и во реални услови ќе се проверат сите претходно добиени резултати.

Овој прототип е опремен со целосно функционални активни воздушни компоненти, со реалистична суспензија, како и сопирачки.

c_two

Тестирањата се одвиваат во така наречен ветерен тунел, опремен со вентилатори и системи кои обезбедуваат пад на притисокот. Со ова се овозможува брзо тестирање на релевантните делови и споредување на добиените резултати со резултатите добиени во CFD.

Тестот во ветерниот тунел е поделен во неколку различни серии, каде секоја серија е фокусирана за испитување на определена област: коефициент на отпор на воздухот, коефициент на подигнување и ефикасност на ладењето. Добиените ексериментални резултатите биле многу блиску со тие добиени во CFD, со што се докажува точноста на пристапот на Rimac.

Развојниот процес на новиот Rimac C_Two траел повеќе од две години, а најголем предизвик претставувало почнувањето од комплетна нула, без користење на никакви дизајни од претходниот модел, Concept_One. Тимот задолжен за аеродинаиката, развојот на овој модел го започнал врз база на првичните концепти, развивајќи го од затворено тело во 2D, а подоцна преместувајќи се кон 3D анализи користејќи ги CFD сиулациите.

Овој модел претставува целосно електричен хипер автомобил, чија излезна моќност изнесува 1914 коњски сили и вртежен момент од 2.300, со чија помош од 0 до 100 километри на час забрзува за неверојатни 1,85 секунди, а притоа достига максимална брзина од 412 километри на час.

Поврзани вести

Back to top button